Посна мусака: Брза, лесна и вкусна од која прсти ќе излижете.
Совршен рецепт за посни денови, бидејќи ќе подготвите идеален оброк за семејството за само неколку минути!
Потребно е:
- 500 гр компири
- 1 пакување млад кромид
- 3-4 пиперки (може да бидат од замрзнувачот)
- 2 мали домати или шери
- див лук (доколку имате)
- сол
- бибер
- масло за подмачкување
Подготовка:
Исецкајте го младиот кромид и испржете го, додадете ја исецкана пиперка, еден куп див лук, исечен домат и пржете да испари течноста. Додадете варен ориз, бибер и сол. Тавата премачкајте ја со масло. Исечете ги компирите на тенки прстени, наредете ги на дното и покријте ги на страна. Ставете го пола пржениот лук и ориз, така што ќе ги наредите на круговите од компир. Одозгора ставете уште еден ред од пржениот лук и ориз и со тоа завршете со компири.
Уживајте во посната мусака!