EЈ, години мои качете се без мене, сами…
Сместете се удобно,
Но чувајте ми место,
Картата за овој пат, одамна ја платив!
Револтот во погледов без пајажина,
Бунтот во крвта што ми врие,
Возниот ред го смени,
Постојките, некое време нема да ни бидат исти!
Куферот е распакуван,
Товарот беше многу тежок..
Премногу насобрав…
Наплатени казни за послушност!
Затоа устиве повеќе нема да бидат неми и глуви,
Вистината низ зборови
како пиреј ќе ја садам…
Знаците покрај патот мора
ЗА СИТЕ ИСТО ДА ВАЖАТ!
Еј, години мои,
Сместете се удобно,
Животот на сигурно ќе ве води…
Не плашете се…
Жедта за праведност,
мирисот ми добродушен нема да го смени..
Срцево човечко, ќе остане исто..
ќе ме познаете кога на сред патот ќе се качам!
Сега мора да брзам,
решителноста во мисливе ми лета…
На некоја животна раскрсница, пред неправдата прва да стасам!
Семафорот да работи, убаво да свети, а јас на црвено да и’ стрчам…
Неспремна за пресметка очи во очи,
Уплашена да кочи,
Далеку, далеку да се слуша,
како и во неа стравот чкрипи..
Немоќна, да плаче и ме моли..
Се што ми украла, неправедно зела,
Со камата, назад да ми врати!
Aвтор: Милена Лунеска