Кога некој ви пружа внимание, топлина, заштита, своето срце и својот живот а вие тоа го отфрлате алудира на тоа дека или можеби сте во право или пак не можете да се препуштите на некои ситуации за кои не сте ни свесни. Тие несвесни причини се базираат на некој конфликт или на страв.
Овен
Кога некого го одалечувате од себе, тоа го правите затоа што не ви се доволно допаѓа. Некои аспекти на тој однос се пријатни, некои прифатливи, а некои потребни но тоа не е избор на вашето срце без разлика какви и да ви се причините за тоа. Можеби немате доволно храброст да ги одберете оние кои ви се допаѓаат, бидејќи тоа не би било избор кој другите го одобруваат.
Бик
Биковите се плашат дека другата личност премногу ќе влијае на нив, дека ќе ја одземе нивната импулсивна страна и ќе го ублажи нивниот темперамент. Кога некого ќе го отфрли тоа е затоа што бикот се плаши дека ќе мора да се адаптира и повеќе отколку што треба.
Близнаци
Односите на близнаците се бурни и полни со возбуда но траењето им е слаба страна. Близнаците имаат чуден карактер и можеби и прерано некого одалечуваат од себе, односно тоа го прават пред таа личност целосно да им досади и да сфатат дека е површна.
Рак
Раковите се плашат од преголема близина. Љубовта е силна и застрашувачка емоција а нивните чувства се непрегледноо длабоки и ракот поради таа причина претендира да се држи на дистанца за да не биде претерано стимулиран и ангажиран.
Лав
Лавовите се склони на тоа постојано да ја докажуваат својата неприкосновеност и кога навистина ќе наидат на квалитетна личност која ќе го предизвика целокупниот нивен квалитет лавовите се плашат дека нема да бидат доволно добри и дека нема да можат да останат на врвот.
Девица
Девиците не отфрлаат туку тие држат на дистанца. Девиците се под страв да не повредат некоја друга личност и да не и го срушат светот. Девиците се нежни и грижливи но кога некого ќе го стават под свое влијание, стануваат сурови воспитувачи и учители.
Вага
Вагите ги одалечуваат другите од себе и стануваат осамени кога имаат работа и се посветени сами на себе. Се што имаат за давање понекогаш им е потребно само за себе, за фокусирање на сопствен раст и развој. Кога се во некој важен процес, вагите се повлекуваат во потполност бидејќи не сакаат никој да им пречи низ она што поминуваат. Не сакаат да ги разочараат луѓето покажувајќи им ја својата слабост но знаат што е најважно за нив.
Скорпија
Кога сфатат дека се потребни вистински причини за одалечување, а тоа не е љубовта, скорпиите ја отфрлаат другата личност иако до тој момент биле во врска која била прилично добра. Скорпиите се водат по страста но тоа за нив не е доволно. Ако почувствуваат дека нема вистински мотиви за да се биде со некој заедно, и дека со другата личност се од погрешни причини веднаш ќе се дистанцираат.
Стрелец
Стрелците се повлекуваат во себе и се одалечуваат од другата личност кога не се задоволи со себе и со својот живот. Потребно им е да бидат сами за да се повржат на некој начин со себе и да размислуваат за својот живот, без влијание на другата личност. На стрелците им е тешко да бидат аналитични и фокусирани.
Јарец
Кога ќе почуствуваат дека не напредуваат покрај личноста со која се заедно, јарците стануваат ладни и критични. Тогаш тие се во состојба се да преиспитаат, проверат и да пресечат, како и да направат промени во сите аспекти од својот живот, започнувајќи од работата со која се занимаваат.
Водолија
Водолиите нема да останат во однос во кој нема разбирање. Ако почуствуваат дека личноста со која се заедно не ги гледа, не ја сфаќа нивната суштина , ќе ја отфрлат од себе бидејќи не сакаат да се почуствуваат чудо и изолирано.
Риби
Рибите ги отфрлаат луѓето кога се уверени дека имат лоши намери и дека ќе ги повредат на некој начин од кој никогаш нема да оздрават. Рибите реагираат бурно и се примат лично. Рибите се дефанзивни и несигурни па секогаш ќе се повлечат назад кога ќе почуствуваат дека се загрозени. Рибите лесно ги изразуваат своите чуства низ уметност и креативност.