Прочистете ја водата од чешма природно со состојките што ги имате во домот.
Водата од чешма претворете ја во вода за пиење.
Водата од чешмата е полна со хлор и слични штетни материи, а може да содржи и некои опасни микроорганизми.
Покрај бројните филтри кои прочистуваат вода, постојат и природни методи за прочистување на водата од чешма, за што нема да ви треба преголем напор.
Вриење
Најстариот и наједноставен начин за прочистување на водата е со вриење.
Варете вода на шпоретот додека не зоврие (околу 20 минути).
На овој начин ќе ги убиете повеќето вируси, бактерии и микроорганизми.
Сонце и парче лимон
Сончевата светлина и парче лимон исто така може да послужат како прочистувачи на вода од чешма.
Оваа комбинација е ефикасна во отстранување на еден дел од бактериите, дури и ешерихија коли.
Потребни се само 30 минути да се задржи водата со неколку парчиња лимон на сонце.
Босилек
Уште од античко време е познато дека босилекот е антибактериско растение.
За да ја прочистите водата со босилек, треба да ставите неколку листови босилек во шише со вода, кои ќе ги чувате во фрижидер 4 до 5 часа пред да ги пиете.
Босилекот е феноменален во прочистувањето на водата и ќе собере многу штетни состојки.
Лушпа од банана
Студија на институт во Бразил покажа дека кората од банана може да се користи за прочистување на водата, особено оние контаминирани со токсични метали како што се бакар и олово.
Истражувачите сушеле лушпи од банана на сонце една недела, ги мелеле и ги додавале во речната вода, за која знаеле дека е загадена со олово и бакар и откриле дека лушпите од банана апсорбираат дури 97% од металот за само еден час.
После тоа, тие само ја филтрираа водата.
Сепак, сè уште не е препорачливо да ја прочистите водата од чешма со кора од банана дома.