Промени во нега на кожа што ќе ги правиме оваа пролет.
Има нешто неверојатно магично кога станува збор за почетокот на пролетта. Ако живеете некаде каде што зимите се студени, темни и мрачни, поминувањето време на сонце прави сè да изгледа малку посветло. Иако повеќето од нас знаат да вклучат побогати хидратантни креми и креми за очи во текот на зимата, кога ќе пристигне пролетта, сите „потешки“ текстури треба да се заменат со полесни. Доколку сакате вашата кожа да изгледа свежа и сјајна во овој период, подолу се дадени неколку предлози кои сигурно ќе направат разлика кога станува збор за нега на кожата.
Додадете „сјајна“ хидратантна крема
Предлагаме да пробате лесна навлажнувачка формула со доаѓањето на потопло време, што ќе ја хидрира кожата доволно, а во исто време нема да биде премногу густа и мрсна. Претпочитаме креми кои содржат ситни треперливи честички кои ќе ја освежат кожата и ќе ја направат посјајна. Овие креми се одлично и практично решение доколку не сакате да се шминкате секој ден затоа што ќе ви ја врати „свежината“ на лицето.
View this post on Instagram
Пробајте лесен коректор
Коректор со целосна моќ на покривање е наш најдобар пријател во многу ситуации! Но, на пролет, добар начин да ја разубавите кожата е да го замените ваквиот коректор со полесен. За најприроден изглед, испробајте ги оние коректори кои имаат средна моќ на покривање и се доволно лесни, за да имате впечаток дека не носите ништо на лицето.
Не занемарувајте крем за очи
Кремот за очи е секогаш добра идеја, особено по дваесет и пет години. Ја одржува областа околу очите доволно хидрирана, одлична основа е за шминка и помага во спречување на мали брчки. Но, кога ќе дојде потопло време, повеќето од нас се откажуваат од овој крем, затоа што честопати погрешно се смета дека треба да ја поедноставиме грижата и дека ни треба помалку хидратација затоа што кожата е повеќе масна. Без разлика дали се борите со сезонски алергии и иритација на очите или само сакате да и обезбедите соодветна грижа на кожата, кремот што ја храни оваа област е неопходен дел од грижата.
Променете ја рутината за нега на кожата на вашето тело
Со потоплите временски услови, доаѓаат повеќе можности да го поминете времето на сонце. Доколку сакате мека, мазна и сјајна кожа која изгледа неверојатно, а тоа позитивно влијае на вашата самодоверба, фокусирајте се на пилинзи за тело и навлажнувачки креми за тело кои одговараат на вашиот тип кожа. Пилинг треба да се прави еднаш или двапати неделно за да се постигнат видливи резултати. По лупењето, предлагаме да нанесете полесен лосион за тело кој брзо се апсорбира од кожата и не остава леплив ефект.
View this post on Instagram
Обрнете посебно внимание на заштитен фактор
Иако би било идеално да се користи SPF во текот на целата година без оглед на временските услови, повеќето од нас не ни помислуваат да го користат за време на постудените денови. На пролет, „збогатете“ го вашиот крем со заштитен фактор, што ќе го подобри сјајот на кожата (или ќе ви помогне да се матфицирате ако имате мрсна кожа).