Пржен леб со банани и чоколадо: Уживањето може да започне!
Идеално за сладок појадок или ужинка …
Состојки
- 8 парчиња леб
- 2 дл млеко
- 3 јајца
- 3 лажици шеќер во прав
- 1 лажица путер
- 3 лажици масло
- 1 лажиче мелен цимет
- 1 банана
- 1/2 сок од лимон
- 250 гр чоколадо за готвење
- 100 гр шеќер во прав
- 125 гр путер
- 30 гр брашно
- 100 гр бадеми
Подготовка
Растопете го чоколадото и оставете го малку да се излади. Изматете ги путерот и шеќерот додека не станат пена, а потоа постепено додавајте ги јајцата и чоколадото. Потоа додадете брашно и мелени бадеми. Гответе сè за две до три минути, покријте го и ставете го во фрижидер 30 минути.
Исечете го лебот на парчиња. Изматете ги јајцата и млекото во сад со вилушка. Загрејте ги путерот и маслото во тава. Потопете го лебот во смесата со јајца, извадете го и ставете го на загреаната маст. Пржете неколку минути од едната страна, а потоа од другата додека не добие кафеаво-златна боја. Извадете го лебот на хартиена крпа.
Исечете ги бананите на парчиња, а потоа посипете ги со сок од лимон. Секое парче леб премачкајте го со изладениот фил од чоколадо, наредете неколку парчиња банана на неа, покријте го со друг леб и посипете сè со шеќер во прав и цимет.
Уживајте!