ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Психолог советува како да ги воспитувате девојчињата: „Не им е потребен принц за да се среќни“

Психолог советува како да ги воспитувате девојчињата: „Не им е потребен принц за да се среќни“.

Колку повеќе и да се зборува за родова еднаквост, девојките сè уште живеат во „машко општество“, така што за нивните родители, нивното воспитување, сепак, е голем предизвик.

На меѓународниот ден на девојките, важно е да се потсетиме дека секој од нив треба да се чувствува исто вредно и важно како и момчињата.

Силни девојки се оние кои се сигурни во себе и во своите способности, а образованието игра клучна улога во тоа

Никогаш не треба да заборавиме дека девојчињата имаат одредени биолошки предности, а тоа е дека еден ден ќе станат мајки, што заслужува посебна почит.

Мајките имаат важна улога во воспитувањето на девојчињата бидејќи тие, всушност, се модел, а во зависност од тоа каква порака ќе испратат со својот пример, така ќе се формира женско дете.

Родителите мора да бидат тие што ќе ѝ испратат порака дека ќе биде бестрашна и ќе се залага за своите ставови и мислења.

Важно е со пример да ѝ покажете дека треба да се бори за себе. Но, од друга страна, нека знае дека слабостите се дозволени. Плачете пред неа, избришете ги солзите и покажете дека повторно сте станале. Ова ќе ѝ испрати порака дека жените се посилни отколку што мислат.

Важно да се постигне блискост со децата, а особено со девојчињата

Покажете им дека имаат семејство како сигурно место на коешто секогаш ќе имаат поддршка и разбирање. Важно е на девојчињата да им се дозволи правото на избор преку воспитување. Дајте ѝ можност да одлучи што ќе тренира, да избере на кој инструмент сака да свири, во кои секции ќе оди… Ја учи да носи одлуки сама и да презема одговорност за нив.

Бајките се застарени

Сè уште живееме во време кога момчињата се фаворизирани. Тоа е особено видливо на Балканот. Синот се смета за наследник, додека ќерката е маргинализирана.

Меѓутоа, времето покажа дека, во голем број случаи, ќерките се многу повеќе посветени кон своите родители кога тие ќе остарат и имаат поголема емпатија. Затоа е важно родителите да разберат дека полот на детето не е важен и дека секое дете е дар од Бога.

Секогаш треба да се има предвид кога некои родители прават разлика меѓу децата по пол

Ако ја третирате девојката како помалку вредно и помалку посакувано дете, тоа ќе влијае на нејзиното чувство на несигурност. Таа ќе мисли дека е помалку вредна. Вашиот став води кон осудување и придонесува девојката да се справува со тоа цел живот. Тоа може да биде сериозна причина никогаш да не ги изрази и искористи своите потенцијали и таленти.

За среќа, свеста кај луѓето се менува поради времето во кое живееме. Денес, во практиката, сè помалку се среќаваат родители кои прават разлика меѓу нивните деца.

Мотивирајте ја вашата ќерка да зборува за она што го знае и за вредностите што ги има. Пофалете го нејзиниот физички изглед и разговарајте со неа за тоа што најмногу ѝ се допаѓа кај неа. Работете на афирмација на нејзините таленти и таа ќе прерасне во среќна и самоуверена жена.

Важно да се разбере моментот во кој живееме и новите општествени околности, Девојките не треба да се учат на она што ги научиле претходните генерации жени, дека нивната единствена улога е да се венчаат и да бидат послушни жени.

Тоа време е зад нас и ние како родители треба да се приспособиме на новите околности преку едукација. Бајките со кои пораснаа нашите генерации и генерациите на нашите мајки и баби се малку застарени. Ова не значи дека треба да се научат дека не им се потребни мажи и дека сè можат да направат сами. Но, треба да се охрабрат сами да се борат за своето место под сонцето.

Прилагодете се на промените во воспитувањето

Поповиќ посочува дека новото време донесе промени во воспитувањето на момчињата, така што „принцот од бајка“, во поголемиот број случаи ќе отсуствува.

Девојките треба да имаат на ум дека можат да бидат среќни без да очекуваат да се појави принц кој ќе го претвори нивниот живот во бајка. Затоа, за денешните генерации женски деца, е важно, покрај бајките, да читаат приказни за успешни жени, научници, сликарки… Тоа ќе ги поттикне да го реализираат целосно својот потенцијал.

Ова нема да ја елиминира нивната нежна и грижлива страна бидејќи жените природно се предодредени за такви емоции. Важно е девојките да разберат колку е важно да имаат добар пријател и поддршка од женска страна.

Гледајте кои се вашите ќерки, пример за пример. Насочете ги кон вистинските вредности и научете ги дека можат да бидат среќни врз основа на нивните квалитети и способности. Научете ги дека во животот има и подеми и падови.

Не давајте им на девојките илузија дека сè во животот секогаш ќе биде лесно бидејќи тоа не е точно. Охрабрете ја да ги решава проблемите сама, а вие давајте ѝ упатства и разговарајте со неа.

Татковците имаат важна улога

Добро е познат фактот дека односот меѓу таткото и неговите ќерки е една од клучните работи во воспитувањето и дека овој модел, во голема мера, влијае врз изборот на партнер во животот.

Затоа е важно татковците и ќерките да имаат здрава врска, полна со поддршка и разбирање. Тато е подеднакво важна фигура како мама бидејќи утре тој ќе биде моделот според кој неговата ќерка ќе избере иден партнер.

Како родители важно е да разбереме дека времињата се менуваат, а со нив и стиловите на воспитување и предизвиците што ни ги носи животот.

Развивањето и изградувањето во силна, независна и способна жена не значи дека нема да ви биде потребен никој друг во животот, туку дека ако морате и ако животните ситуации ви донесат нешто такво, ќе можете да се справите со предизвиците што лежат напред. Таа способност е важна за секој човек, а особено за секоја жена.

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!