ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Психологија на поседувањето: зошто работите ги доживуваме како продолжеток на сопствениот идентитет ?

Психологија на поседувањето: зошто работите ги доживуваме како продолжеток на сопствениот идентитет ?

Човекот претставува збир од сето она што може да го нарече „свое“. Вистина е дека човековиот идентитет е многу поширок поим отколку што мислиме и дека често ни е тешко тоа да го сфатиме бидејќи во обликувањето на нашиот карактер учествуваат и другите луѓе, надворешните настани и сложените внатрешни процеси.

Но што се случува со материјалната страна на оваа приказна? Зошто стварите често ги доживуваме како продолжеток на сопствениот идентитет?

Врска која ја градиме со работите ?

Луѓето се поврзуваат за стварите кои ги поседуваат, независно дали станува збор за гардероба, мебел, уметност, различни украси и ситници, или пак техничките уреди. Секој од предметите кои ги сметаме за своја лична сопственост, а притоа ни се посебно драги – добиваат на вредностт бидејќи во истите ги вложуваме свои емоции и сентимент.

Интересно е што нашата врска со работите започнува од мали нозе. Познатиот швајцарски психолог Жан Пијаже кој е најпознат по својата теорија на когнитивен развиток, приметил дека и новороденчињата покажуваат склоност кон поседување на одредени предмети. Во раниот детски период најчесто во прашање доаѓаат омилените покривки или играчки од кои тешко се се одвојувааат.

Емотивната вредност на предметите ја надминува паричната вредност на истите низ целиот живот на човекот. Да ја земеме како пример следнава ситуација: сте наследиле од покојниот дедо рачен часовник. Објективно гледано овој часовник како стока не вреди многу, меѓутоа тој има посебна, готово магична вредност за сите вас бидејќи е предмет кој некогаш го поседувала за вас блиска личност и која ве потсетува на убавите моменти кои сте ги поминале заедно.

Статусни симболи и креативно изразување на идентитетот и личните вредности

Предметите кои луѓето ги сакаат и поседуваат се неретко во функција на статусните симболи. Тоа што ќе биде статусен симбол во голем дел зависи од културата која е во прашање но и во контекст на модерната Западна цивилизација и најчесто е во прашање некој вид на луксузна стока која функционира како индикатор на економска моќ. Тоа може да биде скапа кола, јахта или простран имот или пак луксузен предмет со премиум квалитет, обележани со препознатлив бренд.

Покрај тоа, луѓето со купување на одреден предмет воспоставуваат контрола на сопсвената репутација и имиџ бидејќи низ нив комуницираате за тоа какви времдности тие имаат. Брендовите кои знаат до која мерка е индивидуализмот во фокусот денеска, се трудат на потрошувачот да му дадат можност своите производи да ги персонализираат и да ги направат „што е можно повеќе свои“. Најдобар пример за тоа се брендовите Nike и Adidas кои со моќта на маркетингот – своите производи ги прават симболи на одреден животен стил.

Кај купувачот се создава чуство дека со просто поседување на спортска опрема тој ги остварува своите цели преку градење на сопствен здрав живот. Науката покажа дека постои посебен психолошки ефект кој се јавува кога ќе облечеме одреден вид на гардероба и која навистина влијае на нашата подготвеност да тренираме или да направиме одредена задача која е пред нас.

Кога станува збор за брендот Apple купувачите често се занесуваат дека со само тоа што ќе вложат во компјутер од најнова генерација и одличен дизајн веќе се на половина пат да го подигнат својот бизнис и да ја реализираат идејата која ќе го промени светот. Apple e бренд кој ја обележи дигиталната ера .

Кога станува збор за психологијата на поседување, Јапонија е доста интересен пример. Јапонија е позната по своите станови со мали димензии и минималистичкото движење кога станува збор за дизајн на ентериерот. Сепак јапонската нација е опседата со технологијата и луѓето се насочени кон поседување на ствари со кои се комуницира за напредокот и иднината. Интересно што толку многу е присутно во нивната култура и секојдневица.

Темната страна на материјализмот (компензација и пореметувања)

Прилично е јасно дека живееме во светот на материјализмот но исто така премногу е поедноставено да се каже дека само се обидуваме со пари да ја купиме среќата и дека сме заробени во своите потрошувачки улоги. Врската која ја имаме со стварите е комплескна и слоевита а со оглед дека ја имаме од мали нозе не можеме да кажеме дека потребата за поседување е во потполност со конструкцијата на општеството.
Во светот каде што купувањето стана толкку вообичаено и каде што рекламите излегуваат од сите страни постои некој реален ризик да се побегнеме од здрав разум и од други вредности кои се многу поважни и кои не прават среќни и ни овозможуваат да во целос да се изгубиме во безмисленото трошење на пари. Неретко, стварите кои ги купуваме имаат облик на компензација за недостаток на радост или љубов а во таквите ситуации тие ни причинуваат краткорочна среќа.

Нездравата поврзаност со стварите кои ги поседуваме може да се претвори во озбилен проблем со собирање на предмети кои не ни се функционални а кои не ни се ни потребни. Во прашање е компулстивно пореметување на собирањето на стварите кое е поврзано со анскиозноста и длабоките проблеми кои не потиснуваат. Личностите кои го го имаат овој проблем се емотивно поврзани за предметите и најчесто добиваат напади на паника при помислата дека требало да ги фрлат.

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!