Со гордост ви ги претставуваме BeBerry природните овошни сокови, сега достапни под брендот Purella – ЧИСТО. ПРИРОДНО. ЗДРАВО. Преку нашата онлајн продавница purella.mk, овие висококвалитетни сокови веќе можете да ги нарачате и да уживате во нивните природни вкусови.
BeBerry соковите се создадени од чисто овошје од сопствени плантажи, со минимален овошен процент од 40% и со додаток на најквалитетен багремов мед од најмалку 11%. Достапни се во практични пакувања од 0.2 l, идеални за носење, како и во големо семејно пакување од 0.75 l за споделување со најблиските.
Зошто да ги изберете овие сокови?
- Јагода – Богата со антиоксиданти и витамин Ц, ја поддржува работата на имунолошкиот систем и ја подобрува здравата кожа.
- Малина – Содржи влакна и фитонутриенти кои помагаат во варењето и ја одржуваат енергијата.
- Капина – Одличен извор на витамин К, неопходен за здрави коски и згрутчување на крвта.
- Црна рибизла – Висок процент на витамин Ц кој ја подобрува циркулацијата и ја зајакнува одбраната на телото.
- Дива боровница – Поддржува ментална острина и го подобрува видот благодарение на антоцијаните.
- Вишна – Позната по своите природни антиинфламаторни својства, помага во релаксација и подобрување на сонот.
Кратко интервју со Александар Димовски, генерален увозник на BeBerry соковите преку Purella
Што ве мотивираше да ги внесете BeBerry соковите во Македонија?
- Нашата цел е да им понудиме на потрошувачите квалитетни и здрави производи. BeBerry е бренд кој се издвојува со својата природност, висок процент на овошје и употреба на мед наместо вештачки засладувачи. Веруваме дека македонскиот пазар е подготвен за ваков производ кој нуди автентичен вкус и здравствени придобивки.
Зошто овие сокови се добар избор за децата?
- Децата често консумираат засладени пијалаци кои содржат вештачки додатоци и шеќери. BeBerry нуди природна алтернатива која не само што е вкусна, туку е и хранлива, благодарение на високата концентрација на овошје и мед, што го зајакнува имунитетот.
Како заинтересираните можат да соработуваат со вас?
- Отворени сме за соработка со маркети, ресторани, кафулиња и сите кои сакаат да понудат квалитетен и здрав производ на своите клиенти. Секој кој е заинтересиран може да не контактира преку purella.mk или нашите социјални мрежи.
Каде може да се купат и дегустираат овие сокови?
- BeBerry соковите под брендот Purella се достапни исклучиво преку нашата онлајн продавница purella.mk, а наскоро ќе организираме и дегустации на различни локации. Деталите ќе ги објавуваме редовно на нашите социјални мрежи.
Во свет каде што трговските полици се преполни со сокови кои содржат рафинирани шеќери, стабилизатори, вештачки бои, ароми и вкусови, BeBerry се издвојува како 100% природен избор. Наместо да изберете индустриски сок од 1,5 литри, кој единствена врска со вистинско овошје има преку графички приказ на етикетата, изберете вистински, природен и хранлив напиток. Шишето од 0.75 l BeBerry сок не само што содржи автентичен вкус, туку и вистинска енергија од природата. Време е да го направите вистинскиот избор – Purella, ЧИСТО. ПРИРОДНО. ЗДРАВО.