ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Рецепт за домашен кечап : Најпопуларниот сос во светот каков што не сте пробале досега

Рецепт за домашен кечап : Најпопуларниот сос во светот каков што не сте пробале досега.

Време е за подготовка на зимницата, а една од неопходните тегли на листата на многу домаќинки е домашниот кечап.

Септември е времето кога започнува големата подготовка на зимницата, а покрај кисели краставички, џемови и ајвар, најпопуларниот сос на светот – кечап – е се почест гостин на полиците во оставата.

Овој додаток на јадењата стана незаменлив дел од зимата, а рецептот што ви го носиме е ненадминлив за правење кечап дома.

Според историјата, овој сос, без кој е невозможно да се замисли пица или помфрит денес, беше откриен од британски истражувачи во Сингапур пред 300 години , но – верувале или не – тој рецепт не содржи домати.

Кечап каков што го знаеме и чија главна состојка е доматот се прави од 1820 година.

Состојки:

  • 4 кг домати
  • 1/2 кг кромид
  • 3 чешниња лук
  • 4 црвени пиперки
  • 100 мл масло
  • 1 лажичка мелен бибер
  • 1 лажица сол
  • 150 гр шеќер
  • 1/2 лажички цимет
  • 1 лажичка сушен мелен босилек
  • 1 лажичка мелено оригано
  • 125 мл јаболков оцет

Подготовка:

Ситно исечкајте го кромидот и лукот и динстајте во масло и малку вода 20 минути, додавајќи вода. Излупете го доматот, исечете го на мали парчиња и додадете го кромидот. Печете ја пиперката во рерна, излупете ја, исчистете ја од семиња и исечкајте ја, па истурете ја во шерпата.

Додадете сол, шеќер, бибер и цимет. Гответе го кечапот 90 минути на тивок оган. Потоа изматете се испасирајте со мисер, потоа додадете јаболков оцет, мелено оригано и босилек.

Гответе го кечапот уште еден час и половина , и ако сакате да биде погуст тогаш два часа.

Измијте тегли или шишиња во кои ќе истурите кечап и стерилизирајте ги во рерна или микробранова печка. Наполнете ги и затворете.

Пастеризација :

Земете шерпа, ставете кујнска крпа на дното, потоа наредете тегли и шишиња. Додадете вода, варете на пониска температура, оставете да зоврие, а потоа продолжете со готвењето уште 15 минути. Оставете се да се излади и потоа исушете ги шишињата.

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!