Рецепт за домашно лиснато тесто. Од него се прават погачи и кифлички

Слични

Сочна торта со круша, неодолива за празниците (РЕЦЕПТ)

Сочна торта со круша, неодолива за празниците (РЕЦЕПТ). Правете торти...

5 совети на готвачи со Мишелин ѕвезда за новогодишната вечера

5 совети на готвачи со Мишелин ѕвезда за новогодишната...

Лиснато тесто со јаболка и цимет

Лиснато тесто со јаболка и цимет. Можете ли да ги...

Колач со ѓумбир и глазура од крем сирење

Колач со ѓумбир и глазура од крем сирење. Речиси и...

Пилешко и зеленчук во бои на виножитото

Пилешко и зеленчук во бои на виножитото. Иако малкумина од...

Сподели

Рецепт за домашно лиснато тесто. Од него се прават погачи и кифлички.

Солените и слатките пецива се најубави кога се направени од домашно тесто.

Домашното лиснато тесто е вистински „спас“ за секоја домаќинка кога не знае што да подготви за вечера или за појадок или кога доаѓаат ненадејни гости.

Ви нудиме едноставен рецепт за домашно лиснато тесто, кое, исто така, можете да го замрзнете за да го имате секогаш подготвено кога ќе ви биде потребно.

Состојки:

  • 3 чаши брашно,
  • 1 јајце,
  • 1 чажица масло,
  • 1 лажичка шеќер,
  • 1 лажичка сол,
  • 1 чаша вода и
  • 200 гр маргарин (за премачкување).

Подготовка:

Земете стаклен сад од 250 мл. Во него истурете брашно, сол, шеќер, масло, оцет, јајце. Полека додајте вода и месете додека тестото не стане меко.

Оставете го така 20 минути, а потоа поделете го на четири дела.

Истегнете го секое парче колку што можете потенко и премачкајте го со омекнат маргарин. Ставете по 1/4 од маргаринот за секоја кора од 200 гр. Потоа завиткајте ја кората, исечете ја по должина од едната страна и развијте ја кората во форма на правоаголник.

Преклопете го правоаголникот трипати. Покријте го со фолија и ставете го во фрижидер. Таму треба да биде неколку часа. Направете го истото и со другите три кори.

По еден или два часа вашето лиснато тесто е подготвено и од него можете да направите разни колачи или солени деликатеси. Можете да го ставите во замрзнувач,  да го извадите кога ќе посакате и да го одмрзнете. Тоа ќе биде свежо како да сте го замесиле во тој момент.

Уживајте!

error: Content is protected !!