Рецепт за киндер торта кој ќе ве остави без здив. Кремаста, вкусна и лесна за подготовка

Слични

Сочна торта со круша, неодолива за празниците (РЕЦЕПТ)

Сочна торта со круша, неодолива за празниците (РЕЦЕПТ). Правете торти...

5 совети на готвачи со Мишелин ѕвезда за новогодишната вечера

5 совети на готвачи со Мишелин ѕвезда за новогодишната...

Лиснато тесто со јаболка и цимет

Лиснато тесто со јаболка и цимет. Можете ли да ги...

Колач со ѓумбир и глазура од крем сирење

Колач со ѓумбир и глазура од крем сирење. Речиси и...

Пилешко и зеленчук во бои на виножитото

Пилешко и зеленчук во бои на виножитото. Иако малкумина од...

Сподели

Рецепт за киндер торта кој ќе ве остави без здив. Кремаста, вкусна и лесна за подготовка.

Подобро од киндер чоколадо.

Погледнете го рецептот за киндер торта подолу. Лесно и брзо се подготовува и не одзена многу време.

Состојки за киндер торта

Состојки за 2 кори:

  • 12 белки од јајце,
  • 120 гр шеќер,
  • малку сол,
  • 30 гр брашно и
  • 100 гр мелени ореви.

За филот:

  • 1 литар млеко,
  • 180 гр шеќер,
  • 12 жолчки,
  • 100 гр густин и
  • 250 гр путер.

За темниот крем:

  • 150 гр темно чоколадо и
  • 4 полни лажици чоколаден крем Лино лед голд (Lino lade gold) со сечкани лешници или со некој друг крем.

За светлиот крем

  • 100 гр киндер чоколадо.

За декорација

  • киндер чоколадo, ореви, рендано чоколадо.

Подготовка

Вклучете ја рерната на температура од 200 степени целзиусови. Земете 6 белки со малку сол и матете ги додека не станат цврсти на допир. Постепено додавајте 60 гр шеќер и промешајте уште малку. На крајот, со процесор за храна измешајте 50 гр мелени ореви и 15 гр брашно.

Обложете го калапот за печење (во форма на круг 24 см) со хартија и поделете ја смесата. Печете 10—15 минути на температура од 200 степени целзиусови. Повторете го истото уште еднаш. Треба да добиете вкупно 2 кори. Оставете да се излади, а потоа одделете ги корите од хартијата за печење.

Изматете ги жолчките заедно со шеќерот, додадете згуснувач и 200—300 мл млеко. Соединете ги за да нема грутки. Оставете го остатокот од млекото да зоврие. Кога ќе почне да врие, истурете ја смесата со жолчките, измешајте и вратете го зовриеното млеко на шпоретот.

Мешајте 2—3 минути, на средна топлина, сè додека млекото заедно со жолчките не стане густо. Тргнете го тенџерето од огнот и смесата поделете ја на два дела. Покријте ги со фолија и оставете целосно да се излади.

Кога ќе се изладат, во двата дела додадете 125 гр шлаг и путер. Во лесниот крем додадете ги чоколадата исечкани на коцки и измешајте. Ставете 4 лажици лино лед во делот со темното чоколадо и соединете.

Ставете ја првата кора во плех, а потоа нанесете рамномерно лесен крем. Над него ставете ја втората кора и нанесете темен крем по целата торта.

Можете да ја декорирате тортата со ореви, киндер чоколадо или рендано чоколадо. Почекајте да се излади, а потоа уживајте во вкусот.

error: Content is protected !!