ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Рецепт за нaјвкусната пита со боровинки

Рецепт за нaјвкусната пита со боровинки

Крцкаво тесто и малку кисел и освежителен вкус на боровинки се комбинација во оваа пита. Можете да си играте со декорацијата, па така горната кора може да биде тркалезна, ронлива или дури и без неа. Решивме да го исечеме тестото на ленти и да го украсиме попречно.

pita

 

Состојки за тесто:

  • 200 гр остро брашно,
  • 200 гр мазно брашно,
  • 70 гр шеќер,
  • 1/2 лажичка сол,
  • 250 гр исечен ладен путер,
  • 50 мл ладна вода,
  • 30 мл вотка,
  • 1 јајце (за премачкување) и
  • 1 лажица слатка павлака (за премачкување).

Состојки за фил:

  • 700 гр боровинки,
  • 1 лажица кора од лимон,
  • 3 лажици сок од лимон,
  • 40 гр пченкарен скроб и
  • 50 гр шеќер.

Подготовка на тестото

1. Измешајте ги сувите состојки.

Во поголем сад измешајте ги брашното, шеќерот и солта. Додадете исечкан ладен путер и со раце втријте го во брашното додека не добиете смеса од ронлива текстура.

2. Измешајте ги влажните состојки.

Во помал сад измешајте ги водата и водката и постепено додајте ги во смесата со брашно. Треба да добиете цврсто тесто, а доколку се уште се рони додадете уште малку вода и соединете ги состојките.

3. Замесете тесто.

Тестото префрлете го на подлога и замесете неколку пати за да стане компактно. Израмнете во диск дебел 1 cm, пресечете на половина и секое парче завиткајте го посебно во пластична фолија. Префрлете го во замрзнувач 30 минути.

4. Извадете го од фрижидер.

Извадете еден од дисковите од фрижидер и оставете неколку минути на собна температура за да не пукне тестото при тркалање.

5. Се тркалаат

Расукајте го тестото во круг со дебелина од околу половина инч, внимавајќи да биде малку поголемо од самиот плех.

6. Подгответе лист за печење

Лесно намачкајте кружен калап за пита со дијаметар од 25 cm и со сукало префрлете го валаното тесто во него.

7. Обликувајте го тестото

Со раце обликувајте го тестото и работ кон плехот и исечете го вишокот. Ставете го во замрзнувач додека го подготвувате филот.

8. Измешајте јајце и слатката павлака

Во помал сад измешајте ги јајцето и слатката павлака и ставете ги во фрижидер.

Подготовка на фил

9. Измешајте ги состојките.

Во поголем сад измешајте ги боровинките, сокот и кората од лимон, шеќерот и пченкарниот скроб.

10. Ставете го во фрижидер.

Ставете го филот врз тестото, израмнете го горниот дел и вратете го повторно во фрижидер.

11. Остатокот од тестото исечете го на ленти.

Другиот дел од тестото развлечете го во круг на околу половина сантиметар и исечете го на ленти.

12. Украсете.

Извадете ја питата од фрижидер, па наредете ги лентите тесто попречно, во два слоја или по желба. Исечете го вишокот тесто и добро притиснете ги рабовите.

13. Загрејте ја рерната.

Загрејте ја рерната на 200 степени.

14. Премачкајте.

Премачкајте со подготвената смеса со јајца.

15. Печете.

Ставете ја во рерна 20 минути, а потоа намалете ја температурата на 175 степени и печете уште 50 минути. Питата треба да биде златна боја.

16. Послужете

Оставете да се излади, исечете и послужете.

Уживајте!

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!