Рецепт за солена пита со сланина и јајца

Слични

Сочна торта со круша, неодолива за празниците (РЕЦЕПТ)

Сочна торта со круша, неодолива за празниците (РЕЦЕПТ). Правете торти...

5 совети на готвачи со Мишелин ѕвезда за новогодишната вечера

5 совети на готвачи со Мишелин ѕвезда за новогодишната...

Лиснато тесто со јаболка и цимет

Лиснато тесто со јаболка и цимет. Можете ли да ги...

Колач со ѓумбир и глазура од крем сирење

Колач со ѓумбир и глазура од крем сирење. Речиси и...

Пилешко и зеленчук во бои на виножитото

Пилешко и зеленчук во бои на виножитото. Иако малкумина од...

Сподели

Рецепт за солена пита со сланина и јајца.

Ако барате гурмански појадок, имаме одлична идеја. Солената пита од јајца, сланина и пршута ќе биде комплетен оброк кој ќе ве засити, а и вкусот ќе ви се допадне многу зашто е фантастичен. Ако останало парче од питата, можете да го планирате за навечер. Оваа пита е идеална за утринските часови, а можете да ја послужите со јогурт, млеко или кефир. Иако, на прв поглед, изгледа дека е испреплетено и подготвувано со часови, всушност, подготовката за неа нема да ви одземе многу време. Таа е многу едноставна и можете да ја планирате и пред одењето на работа.

Потребни состојки:

  • 10 парчиња сланина (панчета),
  • 1 лажица путер,
  • 50—100 гр шампињони,
  • 50—100 гр шунка или пршута исечкани на коцки,
  • 1 лажичка сол,
  • малку црн пипер,
  • 6 големи јајца,
  • 1 шолја полномасно млеко,
  • 50 гр сечкан кашкавал,
  • малку млад лук и
  • леб.

vkusna-pita

Начин на подготовка

Скршете го лебот (две кришки), натопете го во млеко и ставете го во еден сад. Во меѓувреме, во друг сад ставете малку путер и пропржете ги кромидот, сланината, шунката и печурките. Изматете ги јајцата и внатре додадете ги ситно исечканиот кромид и зачините.

Скршениот леб ставете го во огноотпорен сад. Пржете ги јајцата како да правите кајгана. Потоа ставете ги врз лебот и додадете ги печурките, зачините, сирењето и сланината.

Печете во рерна на 200 степени, десет минути, а потоа уживајте во вкусниот појадок.

error: Content is protected !!