Би било убаво секој секс да биде спонтан, без притоа да треба да се подготвувате со часови. Но, вистината е дека скоро секоја жена има своите мали ритуали пред да започне сексуален однос. Еве осум работи што жените ги прават најчесто пред сексот.
1. Бирањето на долна облека до перфекција.
Градник и гаќички што и прилегаат на жената ќе ја направат побезбедна кога ќе се соблече.
2. Се депилираат.
Несаканите влакна се една од најголемите причини зошто жените одбиваат да имаат секс со својот сопруг или дечко.
3. Спремаат романтична и секси музика.
Ако човекот што го гледаат прв дојде да ја посети куќата, ќе се погрижат дека во позадина свири сензуална музика што буди страсти.
4. Пазат што јадат цел ден.
Доколку ги чека „акција“ навечер, избегнуваат храна што ги прави надуени и предизвикува гасови.
5. Проверуваат дали мирисаат убаво.
Мирисајќи ги пазувите додека се соблекуваат, без притоа партнерот да забележи дека го прават тоа, жените се извежбани до совршенство.
6. Го освежуваат телото.
Тие користат освежителни марамчиња, спрејови, .. Но, најдобо би било нежно миење поради чувствителноста на женските интимни делови.
7. Се прашуваат дали пиеле апчиња за контрацепција.
И, во умовите на најпрецизните жени кои гледаат сè непосредно пред сексот, постои трошка сомнеж дали земале контрацепција.
8. Се насмевнуваат во огледалото.
По депилацијата, освежувањето, бирањето долна облека, останува само да се погледнат во огледало, да се насмевнат и да си речат: Изгледам феноменално!