Родени сте за себе! Ова се начините да бидете свои!
Не сте родени да го поминете животот обидувајќи се да се корегирате себе си додека не станете совршени. Не сте родени да бидете сведоци на вашите недостатоци и неуспеси и да го поминувате животот каејќи се за се. Не постоите за да се трудите да бидете доволно свои.
Овдека сте само за себе. Овдека сте да станете свои и со своето постоење да опфатите и да интегирате се, да изградите свој сопствен свет, внатре во околниот свет.
Тука сте за да ја остварите целосната интеракција на својот свет со околниот свет, да извршите влијание, да делувате со своја душа низ се она што е. Но неможете да го остварите тоа влијание ако само кружите околу себе, преиспитувајќи се, сомневајќи, чекајќи и прашувајќи се дали сте подготвени и дали доволно знаете, дали се осудувате.
Нема да се чуствувате исполнето ако се гледате себе со туѓи очи и често се се обидувате да се корегирате и прилагодите, нешто да станете и нешто да заслужите. Многу луѓе живеат уверени да бидат недоволни и недостојни, дека единствен начин да излезат од магичниот круг на своето страдање и незадоволства со себе е да станат нешто што не се.
Патувајќи низ овој живот го оживувате сеќавањето на кои сте и што сте, кои сте биле отсекогаш и кои треба да бидете, а кога таа вистина ќе ја изразите во сите аспекти на својот живот се случуваат две важни работи и тоа: прво конечно ќе се чуствувате добро во својата кожа, опуштено и спокојно и второ, давате на сите околу себе дозвола да бидат она што се.
Вие се сосема доволни за себе и за својот живот имате се што е потребно. Родени сте со интересите, подароците, вештините и талентите кои ви се потребни за да ја исполните вашата судбина. Тука сте да го дадете придонесот на светот, да остварите влијание и да оставите трага.
Тука сте да го подигнете нивото на свеста над нивото на кое функционира околината. Да пронајдете свој начин и да го покажете на другите постигнувајќи да се пронајде себе и свој начин .
Должни сте да се сакате себе си без оглед на се. Носете во себе нацрт, скица, мапа, веќе сте биле овдека веќе сте нешто направиле, останале некои задачи и тие се нацртани во вас, во вашите телесни ќелии, во вашата енергија, во вашиот пат и неговите стапки. Само следете ја мапата, направете ги сите чекори, збогатете ги по пат на кореографија за која сте инспирирани. Изразете го својот свет, изнесете го во околниот свет, секој со своите чекори.
Ако се чуствувате дека сте празни, незадоволни, тоа значи дека не сте испееле да пронајдете начин за себе, дека сте заглавени во туѓи светови и вредносни системи, се прилагодувате на нивните стандарди, идеали, потреби. Ако се обидувате да се поправите или усовршите тоа е она што го поправате, се обидувате да станете личност која го живее својот живот.
Што би било кога овој момент би сфатиле дека имате се што ви треба, дека веќе сакате да бидете и дека сте на правиот пат? Така би биле послободни, а што би направиле кога би биле слободни? Ништо не ве спречува да почнете тоа да го правите веднаш.