ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Шампињони и нашето здравје – вкусен прехрамбен продукт за здрав живот и добра фигура

Шампињоните ги обожаваме кога се користат пр иподготовка на пица, во сосовите со кремаста структура како и во свежите салати со месо и тоа најчесто пилешко месо или пак кога се сервирани сечени или полнети.

Знаеме колку се вкусни, но дали навистина знаеме колку се здрави? Шампињоните и здравјето одат рака под рака. Ова чудесна билка со лесен вкус во својот состав има хранливи состојки кои се доста важни за имунитетот и за здравјето.

Шампињоните и нашето здравје

Шампињоните се доста ценети во кујните ширум целиот свет и истите се нискокалорични, здрави и нутритивно богати а во исто време едноставни за припремање и совршено се сложуваат со сите јадења. Полни се со протеини што се доста важни за креирање на мускулната маса па од таа причина шампињоните високо котираат на списокот на здрава храна.

Шампињоните го подигнуваат имунитетот, произведуваат бели крвни зрнца и штитат од рак. Недоволно е познат фактот дека шампињоните помагаат при превенција и терапија на ракот на дојката. Дали знаете дека шампињоните имаат многу повеќе витамин Ц од зелената салата?

И не само тоа, важно е да се нагласи дека шампињоните имаат позитивни ефекти на пробавниот тракт, крвната слика како и нервниот систем. Шампињоните ја подобруваат работата на црниот дроб и учествуваат во производство на хормони. Нутриционистите споменуваат дека шампињоните се прехрамбен продукт кој треба редовно да е присутен на нашите трпези за да имаме долг и здрав живот.

Диета со шампињони

Постои добра причина зошто диетата со шампињони стана популарна благодарејќи на Холивудските ѕвезди. Целта на диетата со шампињони е да се подготвуваат вкусни јадења каде што концентрацијата на шампињоните треба да е поголема за да може телото што е можно повеќе да внесе корисни состојки а што помалку калории.

Шампињоните се вкусен прехрамбен продукт која идеално може да послужи како замена за месо. Покрај тоа оваа вкусна билка се нарекува и како „вегетаријанско месо“. Имаат прекрасен вкус и до три пати помалку калории од повеќе други прехрамбени продукти кои најчесто ги користиме во секојдневната исхрана. Богати се со влакна кои ја подобруваат нашата пробава и даваат чуство на заситеност.

Шампињони и калории

Односот на шампињоните и калориите ни зборува дека свежите шампињони се диетален прехрамбен продукт кој содржи само 22 калории во 100 грама сирови шампињони. За да уживате во здравствените користи на оваа феноменална габа, воопшто неморате да бидете на диета. Благодарејќи на тоа што се нискокалорични можете да ги јадете колку што сакате и нема да се здебелите.

Еко-шампињони – најдобар избор !

Легендата кажува дека габите се создаден од молњата затоа што се појавуват во бурна ноќ. Па од таа причина старите цивилизации ја нарекуваат храна на боговите. Исто така габите растат и во природата, а големината на шампињоните кои ги наоѓаме во продажба зависат од тоаа во какви услови се одгледувани и на каква фарма.

Кога веќе имаме избор подобро е да се одлучиме за еко-шампињони односно оние кои се одгледуваат во екстра квалитетни услови под надзор од искусни агрономи и како такви свежи се продаваат на полици во маркетите.

Шампињоните се речиси најзастапените габи на нашата трпеза. Ги користиме како главно јадење за подговтовка на вкусни кремасти сосови, ги користиме при подготовка на пица и слично.

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!