Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил Цветанов се гради еден поинаков однос кон еден многу значаен спорт во светски рамки, а тоа е MTB велосипедизам. Неговиот однос кон овој спорт и клубската работа како и соодветната помош од локалните познавачи и поддржувачи на спортот оваа година се крунисаа со организација на трка од светски ранк, на која ќе присуствуваат звучни имиња и врвни спортисти.
Мотото на клубот: “Ние сме вода во движење!” некако се совпаѓа и со едно култно, но и од историско значење за Куманово место викано “Студена Вода” кое како да било “родено” за ваков тип на трки.
Она што е карактеристично за самата организација е што во минативе две недели со напорна работа е дизајнирана, трасирана и креирана врвна тркачка патека, која е одобрена од комесарот на натпреварот со воодушевување, кое пак го потврдува и огромната бројка на учесници приближно 100.
Драги читатели, со особена чест, задоволство и радост Ве покануваме овој викенд 4-5 Јуни да ни се придружите и заедно да ги проследиме двете трки во хоби и професионална категорија, а сега Ве оставаме да прочитате интересни одговори на уште по интересни прашања! Уживајте!
Повеќе за трката на овој линк
FLIP: Како влијае велосипедот кога ќе го зграпчиш под твоја контрола?
Е.Ц.: Ми создава чувство на слобода и навистина правам тоа што го сакам, зарем не се чувствувате и вие исто кога ќе го јавнете вашиот велосипед?
FLIP: Колку време ти требаше да сватиш дека си добар во тоа што го работиш?
Е.Ц.: Уште кога почнав да возам велосипед на 4 години сватив дека сум добар и малку посебен😄, но она што е најбитно е дека не се откажав и покрај многуте предизвици низ животот, туку моето хоби прерасна во професионален однос кон велосипедот, спортот и секако клубот.
FLIP: Кажи ни за нешто за твоето семејство, подршката и подмладокот.
Е.Ц.: Како прво, без такво семејство не би имал таква подршка😄. Сопругата Мери би рекол е виновникот за сите мои успеси, давајќи безрезервна подршка. Подмладокот се надевам дека ќе ги следи моите стапки земајки во предвид дека и керичката Оља започна да вози велосипед како мене на 4год😄.
FLIP: Колку клубот Крос Сајклинг Тим влијае на развојот на велисопедизмот во Куманово и во Македонија?
Е.Ц.: Мислам дека доволно влијае затоа што имаме нови членови на кои ние постарите даваме личен пример, а исто така работиме на нови програми за да го омасовиме велосипедизмот во нашиот град.
FLIP: На колку трки досега имаш учествувано?
Е.Ц.: Не би знаел, многу се😄. Можеби треба да најдам малку време за да почнам да водам некаква статистика.
FLIP: Кажи ни нешто повеќе за XCO MTB UCI 1 трката и по што ќе е различна од сите други до сега?
Е.Ц.: По многу работи, самото највисоко меѓународно рангирање Ц1 доволно кажува за сериозноста и нивото на организација! Куманово никогаш немал ваков ранг на велосипедски натпревар во планински велосипедизам. Самото рангирање кажува дека и во претходните години трката била организирана на високо ниво. Се надеваме дека традицијата ќе продолжи и ќе расне интересот.
FLIP: Која твоја трка ќе ја паметиш за цел живот?
Е.Ц.: Државното првенство 2021 токму на нашата патека во Куманово, освојувајќи ја титулата државен првак во сениорска категорија!
FLIP: Што е тоа што го прави твојот стил на тркање, живот и тренинг што те издвојува од другите?
Е.Ц.: Мојот победнички карактер😄 Едноставно желбата да се биде најдобар е посилна од се и ме прави да бидам посветен на секојдневен тренинг.
FLIP: Кога би можел да ја бираш која патека ти е сон да ја извозиш?
Е.Ц.: Има повеќе но сепак Нове Место во Чешка би ја возел со задоволство.
FLIP: Како младите ќе знаат дека се спремни за трка?
Е.Ц.: Кога ке извозат една сезона во Хоби категорија, кога ќе го почувствуваат адреналинот, напорот и треперењето на секој мускул.
FLIP: Колку велосипеди имаш скршено до сега?
Е.Ц.: Како мал мислам дека се 6,и секогаш беше војна да се купи нов 😄
FLIP: Колку илјади километри имаш поминато на велосипед?
Ако годишно поминувам 8000-10000 тогаш…😄
FLIP: Дали велосипедист е машки или женски спорт?
Е.Ц.: Подеднакво!
FLIP: Кој е најзаслужен за оваа трка?
Сите членови на Кросс Сајклинг Тим, ВИ БЛАГОДАРАМ НА СИТЕ!
FLIP: Колку учесници доаѓаат овој пат и од кои држави?
Е.Ц.: Во бројка, накај 100 учесници oд Словачка, Франција, Словенија, Србија, Црна Гора, Грција, Бугарија и се разбира од Македонија