Новиот Samsung Galaxy S21 изгледа дека ќе биде достапен во виолетова, розова и бела боја, како и во потрадиционалната сива и црна , ова се првите слики кои се најдоа на интернет пред официјалната презентација на новиот телефон.
Типстер Еван Блас и германската технолошка публикација Винфјучр имаат необјавените фотографии од новите уреди и неговите можни нови бои.
Покрај Galaxy S21, Galaxy S21 Plus може да биде достапен во сребрена, црна и виолетова боја, а Galaxy S20 Ultra во црна и сребрена боја. Samsung не одговори на барањето за коментар.