HBO MAX наводно подготвува серија за омилениот волшебник Хари Потер , пишува Hollywood Reporter, потпирајќи се на неименувани извори.
Тие наведуваат дека е одржан состанок со сценаристи каде се разговарало за идеите како да се емитува саканата серија на ТВ екраните.
И додека веста е дека HBO Max и Warner Bros водат разговори околу серијата, сè уште не е постигната договор.
– Нема работа на серијата „Хари Потер“ во студиото или на стриминг платформата – стои во одговорот на компанијата на барањето на новинарот.
Понатамошното ширење на универзумот Хари Потер останува приоритет на HBO MAX и Warner Bros, кои заедно со Џ.К.Роулинг, кои поседуваат право на франшизата, пишува Холивуд репортер.
Да се потсетиме дека врз основа на книгата на Џоан „Џо“ Рoулинг се снимени осум филмови кои заработиле преку седум милијарди долари само во кино салите.