ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Шест бои кои можеме да ги комбинираме како црната

Ако сте некој кој ја анализира црната боја како несреќна тогаш овој текст не е за вас. Одамна е надминато мислењето дека црната облека е олицетворение на црната душа и треба да го прифатиме тврдењето дека црната боја е исто така тон како и белата боја и може да се комбинира со сите останиати бои.

Црната боја е неутрална, елегантна, лесна за комбинирање, и во неа изгледаме како да сме послаби. Следниве шест бои што ќе ги прикажеме се лесни за комбинирање и нема да ви пречат за да се привикнете на темните тонови, а секако нема да изгледате чудно кога ќе се погледнете во огледало.

Маслинасто зелена

Внесувајќи во секојдневна облека акцесоар со маслинасто зелена боја како што е торбата ќе ви покаже колку оваа боја е сестрана и колку добро се вклопува. Знаеме дека тешко е да се помине од црна на некоја друга боја во темна нијанса но кога веќе можеме да избереме нека тоа биде природна боја. Започнете чекор по чекор, значи видете како ташната ќе се вклои со неутралните бои, а тоа ќе ви помогне да го проширите и вашиот асортиман.

Беж боја

Оваа боја има мал ризик со голема награда. Како и црната и оваа боја е исто така класична, а совршено ќе ја растури вашата црна комбинација. На неутралниот изглед му дава динамичност, на темните тонови им дава светлосна трага, а и на вас ќе ви стави насмевка на лицето само ако се обидете да поминете на светла боја. Како и да е постојат 50 нијанси на беж боја и сигурно ќе најдете некоја која ќе ви одговара.

Бургунди

Доколку црвената боја ве вознемирува, нејзината подалечна роднина е бургунди бојата. Таа претставува совршен начин да направите компромис самите со себе и да облечете некоја боја без чувство дека сте претерале. Оваа боја е совршена доколку сакате да ја избоите сивата есен а вашиот џемпер во таа боја ќе ви ја згрее и душата и телото. Лесно ќе ја комбинирате со црната а со природните бои.

Боја на јоргованот

Можеби оваа боја требаше да ја оставиме за крај. Било како било, секоја пролет е време за промени па затоа бојата на јоргованот ќе внесе новина во вашиот живот во пролетта. До вчера оваа боја беше тренд, но сега гледаме дека се повеќе станува неутрална и класична. Јоргованот секогаш цвета по завршување на зимата, а воедно е и предвесник на пролетта. Носете ја оваа боја како акцесоар па со тек на времето ќе се привикнете и горните делови од гардеробата да ги носите во оваа боја.

Морнарско сина боја

Прво да појасниме некои работи. Митот дека нема да можете да носите затворена или црна боја е конечно срушен. Но освен што оваа боја одлично се комбинира со црната лесно се вклопува и со милион други бои. Затоа наредниот пат кога ќе изберете некоја елегантна облека во црна боја купете ја и во морнарско сина боја.

Камел боја

Ова боја ќе ви помогне вашата комбинација да делува „поскапо“. Совршена е за есенски дневни комбинации како што се капутот и џемперите а и повторно, нијансата е доволно неутрална за да не ви пречи. Оваа нијанса ќе ја разведри црната боја, а сепак ќе го задржи и тој класичен и неутрален стил на кој сте навикнати.

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!