Шитали вежбата има решение за тропските температури! Дишете правилно и разладете го вашето тело на природен начин!
Вежбата за дишење позната како шитали одлично го разладува телото и крвта и го намалува крвниот притисок. Затоа е и корисна за време на летниот период.
Оваа вежба се прави така што треба да седнете во положба на лотос или турско седење, а можете и да седнете на првата половина од вашето столче така да половината од вашето тело мора да биде исправена.
Затворете ги очите и опуштете го телото од горе према доле па сконцентрирајте се на дишењето така што ќе ги следите вдишувањата и издишувањата.
Јазикот ставете го помеѓу усни и обликувајте го така бочните страни по должина да бидат совиени према горе, а по средината да остане канал како голема латинична буква У.
Воздухот кој го вдишуваме треба да поминува низ тој канал во средина. Вдишете полека и длабоко на уста низ каналот, по вдишувањето на устата затворете и задржете го здивот на неколку секунди, а потоа издишите низ нос полека и опуштено. Оваа постапка повторете ја најмалку девет пати.
Ваквиов вид на дишење ја лади крвта и телото и ја намалува емоционалната и менталната напнатост.