ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Што Ќе Се Случи Со Вашето Тело Ако Секој Ден Јадете Бадеми?

Јадењето бадеми буквално може да ви го спаси животот. Секојдневното конзумирање на бадеми драстично го намалува појавувањето на промените во структурата на ткивата предизвикани од болести кои доведуваат до рак на дебелото црево.

Во една студија, научниците од „Американското здружение за срце“ откриле дека честото внесување  на јаткасти плодови е поврзана со помал ризик од развој на хипертензија, кардиоваскуларни болести, па дури и карцином.

Сепак, ова не се единствените промени што ги потврди науката.

Постојат уште четири промени што ги потврди науката, а кои ги доживува нашето тело ако конзумираме бадеми секој ден, пишува Bright Side.

Намалување на холестеролот и подобрување на здравјето кај дијабетисот

Во друга студија, докажано е дека пациентите со дијабетес тип 2 ќе доживеат подобрување на нивната физичка состојба ако внесуваат бадеми секој ден. Тие не само што помагаат во чистење на артериите со намалување на лошиот холестерол, туку придонесуваат и за намалување на нивото на шеќер во крвта благодарение на минералите содржани во нив.

Побрзо и подобро закрепнување од породувањето

Во Индија постои долга традиција на консумирање бадеми како природен лек за регулирање на протокот на супстанции низ дигестивниот систем и зголемување на енергијата. Бадемите често им се препорачуваат на жените после породувањето со цел да закрепнат побрзо и да спречат појава на стрии.

Бебето може да биде попаметно со помош бадемите

Докажано е дека бадемите можат да ја зголемат мозочната активност. Според студијата спроведена од „Институтот за глобално здравје во Барселона“, доколку конзумирате 74 грама бадеми секоја недела за време на бременоста, може да придонесете вашето бебе да биде попаметно.

2.208 бремени жени учествувале во истражувањето спроведено од шпански научници. После породувањето, ридниците биле следени и тестирани кога имале една година, пет и осум години. Децата чии мајки јаделе бадеми за време на бременоста, се претставиле подобро на тестови за интелигенција.

Лекување и намалување на акните

Според студијата објавена во Националниот институт за здравство, пациентите кои имале тешки акни имале девет проценти помалку витамин Е во крвотокот. Конзумирањето бадеми за подобрување на изгледот на кожата е традиционален лек на Блискиот исток, што се покажа како научно докажано.

Бадемите се полни со витамин Е, како и антиоксиданти кои можат да помогнат во лекувањето на акните и подмладување на кожата. Сепак, не треба да претерувате, доволно е да земете три до четири бадеми на ден бидејќи содржат и високо ниво на омега-6 масни киселини.

Што е подобро, сурови или печени бадеми?

Нема разлика. И суровиот и печениот бадем ги содржат истите хранливи материи и ги даваат истите здравствени придобивки за нашето тело. Единствената разлика е во тоа што печените бадеми се повкусни.

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!