ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Симулација на реалноста – во кој Матрикс живеете?

Од неможноста да го прифатиме постоечкиот свет онаков како што е, креираме сопствен свет, сопствени симболи и перспективи за реалноста со цел да избегаме од она што навистина постои.

Јазикот на тој свет содржи само силуети на реалниот. Се состои од истите букви и интерпукнциски знаци но во друга форма. Разликата се согледува во тоа што тој јазик не само што нема различно значење туку воопшто нема значење.

Симболичкиот интеракционизам ја означува комуникацијата која се одвива по пат на букви и знаци.

Содржината на говоро се дискредитира на основа на општествената положба на соговориникот, бидеји тој ја симболизира неговата исклучива вредност. Дистинкцијата помеѓу цимболизирањето и значењето се губи по пат на неможноста на индивидуалецот не да се само сфати значењето.

Многу е погрешно што се претставуваме и истапуваме во името на брендот кој го носиме. Со тоа го потиснуваме идентитетот и и се губиме самите себе си и остануваме без идентитет. Размената на мислење преставува сурова размена на информации која добива значење априорно и чија симболика однапред се знае.

Ескапизмот по пат на утринска доза на морфиум која се огледува во валидација на зависникот од истата таа доза, претставува најдобар начин на кој општествените мрежи ја симулираат стварноста.

Симболот на вмреженоста ја креира симулацијата на социјалниот хабитус кој претставува една од основните човекови потреби. Конформизот како стил на живеење укажува на тоа дека е многу поедноставно да се живее и да се работи во таквата стварност.

Од интеракцијата може да се побегне и од утрешниот одговор на пораката, под изговор дека сме биле зафатени, емоциите се искажуваат преку испраќање на смајлиња кои се ставаат на многу едноставен начин од вештачката насмевка на лицето од чие длабоко значење е и згрчувањето кое го осликува честото настојување својата желба да ја ставиме во рамките на постоечкиот свет.

Како и да е, секогаш може да се сокриеме зад офлајн статусот

Заробени помеѓу губењето на идентитетот и неостварената желба за креирање на нов, создаваме единствено комплекс кој се заснова на тежнеењето за прикажување на себе си низ современи параметри на идеална фотографија.

Симулацијата на стварноста која временски и конвенционално стана реалност ги креира сликите на индивидуите. Покрај тоа, оскудноста на потенцијалот на поединците да ја оделат фотографијата од личноста како и вишокот на реклами ја објаснува целата фикција во која живееме. Глобализацијата на реалноста се согледува во фактот дека задоволството со сопственоста личност не може да се продаде како што е случајот со маските.

Кога нашето его го базираме исклучиво на маски и смболи, се поставува следново прашање: Што се случува кога ќе се вратиме од маскембалот ? Што се случува кога маската ќе се тргне или пак ќе излезе од мода ? Кои сме кога ќе ја тргнеме маската која ја носиме ?

Кога ќе ја тргнеме маската ние сме никој и ништо и буквално сме фиктивна личност која не претставува ништо поразлично од каскадер на денешницата кој буквално ја одиграл својата улога.

Со константна животна траекторија, која не ја правиме да изгледа како траекторија туку како рутина која ги креира нашите идеи за реалноста, се креираме и себе си во рамката која ја создаваме и преку таа рамка го создаваме нашиот поглед на светот кој генерално се сведува на светот на сенки.

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!