Сите здравствени придобивки од кикириките
Кикириките се сметаат за еден од најдобрите извори на растителни протеини.
Тие се добар начин да ја задоволите желбата за грицкање додека работите или учите зашто имаат добар ефект и за нашето тело.
Кикириките нè одржуваат заситени поради фината количина на растителни протеини што ја имаат, па затоа, тие се одличен избор за сите оние кои внимаваат на исхраната.
Зошто кикириките се добри?
Богати се и со други хранливи материи и имаат статус на вистинска „супер храна“. Освен протеини, една порција кикирики содржи 19 витамини и минерали кои овозможуваат организмот да се бори со срцеви заболувања (витамин Е, фолна киселина, ниацин, магнезиум, витамин Б6, цинк, бакар и калиум), антиоксиданси, мононезаситени и полинезаситени масти кои помагаат да се намали „лошиот“ холестерол и да се зголеми „добриот“ холестерол.
Помагаат да се зајакне здравјето на срцето
Истражувањата покажаа дека оние кои редовно консумираат кикирики имаат намален ризик од развој на кардиоваскуларни болести. Студија од 2017 година со која биле опфатени повеќе од 200 000 учесници, открила дека редовното консумирање кикирики е поврзано со 15% намален ризик од срцеви заболувања.
Кикиритките и путерот од кикирики помагаат за спречување на дијабетес тип 2. Студијата од Универзитетот Харвард од 2016 година покажа дека замената на порција животински протеини со порција растителни протеини како што се кикирики и путер од кикирики, значително го намалува ризикот од дијабетес тип 2.
Друга значајна студија објавена во списанието на Американското медицинско здружение претходно, покажа дека консумирањето путер од кикирики го намалува ризикот од дијабетес тип 2 кај жените дури за 21%.
Имаат позитивно влијание на менталното здравје
Кикириките имаат високо ниво на ниацин и се добар извор на витамин Е. Тие се две хранливи материи за кои долго време е познато дека штитат од Алцхајмеровата болест и од когнитивен пад, со текот на годините.
Едно истражување покажа дека кај 4 000 луѓе постари од 65 години, ниацинот од храната ја забавува стапката на когнитивно опаѓање. Од друга студија се забележа дека внесувањето на витамин Е може да го одложи функционалниот пад кај пациентите со Алцхајмерова болест.