Снобизам – како да го препознаете и да се одбраните!
Снобизмот не претставува ниту движење ниту став. Снобизмот не е поза нити револт, туку синдром односно дијагноза која е лесна за окривање. Снобизмот кога се појавува за првпат го одбележува времето на меѓукласно движење, издигнување од низата во високата класа по пат пред се на образовани,е а потоа и по заслуги, манири и богаство. Па оттаму доаѓа и оригинерниот назив за сноб , sine nobilitate што значи да се биде без благородно потекло.
Денеска лесно може да се зборува за меѓукласното двжиење во изворната смисла на зборови иако тоа не значи и дека живееме во бескласно општество. Снобизмот се огледува во некој вид на благородична поделба на луѓето во односот на музиката која ја слушаат, политичките уверувања кои ги делат, нивото на боразование, богатство и сл.
Можете да сретнете материјалистички снобови, религиозни снобови, естетски снобови.
Како да препознаете сноб?
Снобот користи се околу себе односно своите партнери, децата, своите миленичиња и слично. Се претставува со своите репрезентативни познаници и роднини како и со своето потекло доколку истото е познато. Доколку не е, го заборава како и оние репрезентативни роднини, својата нерепрезентативна провинција, акцентот, средното презиме, презимето, името, првиот комшија, разликата помеѓу кокошка и патка, дискотеката во која сите меѓусебно се познаваат.
Многу често снобот го напушта своето место на раѓање за да би го достигнал патот на успехот во светот каде што луѓето ќе го ценат по она што е навистина. Го гуши родното место и знае дека никој нее пророк во своето село. За жал често се враќа назад со неисполнети соништа и со право до крајот на својот живот се да анализира од висина.
Кога е прашање храната со која се заситува снобот, нема никакви ограничувања. Се на што можеме да бидеме горди се потенцијалните причини да се однесуваме во манирот на собот. Тоа може да биде политички усбеп и место во собранието доколку и добродетелството кое го имаме намравено, истрајнсота во вегетеријанството, музиката која ја слушаме, филмовите кои ги гледаме, локалите во кои не излегувам, ниските побуди кои ги немаме, возвишеноста и едноставноста кон која тежиме. Секој триумф над еде вид на гордост раѓа нова гордост поради самиот триумф.
Колку длабоко човекот може да потоне во снобизмот, а за тоа да не е свесен зборува и односот спрема децата. Нема потреба да се осврнуваме на некои познати примери кои своите деца ги запишуваат во најскaпи приватни училишта, ги испраќаат на јазични курсеви и евентуално балет иако дома во глава им всадуваат систем на вредности во кои училиштето и образованието вредат како и самото благородничко потекло во комунистичкиот систем на уредување.
Сте слушнале дека некој дошол до пари, општествен статус преку ноќ и се замислува дека е подобар од нив, а буквално не е. Вие знаете дека не е бидејќи знаете дека истата таа личност не може да биде подобра од вас. Тоа го знаете бидејќи некои работи не можат да се стекнат преку ноќ а тоа се работите кои вие ги поседувате и за кои таа личност може само да сонува.
Нови можност за модерните снобови
Денешното општество е материјалистично и транспарентно во смисла во која на секој му е овозможено да помогне на општествените мрежи бар во кругот на своите пријатели да има пет секунди слава додека ја претставува својата нова фризура, шега, девојка и сл. Општествените мрежи направија се без оглед на се и срам да се наметнеме на своите пријатели со информациите за тоа каде пиеме кафе, за филмот кој го гледаме и за она дека имаме идено со некого во шопинг.
Можноста за самопромовирање и создавање на илузорен култ за себе, денеска е достапна за секого. Материјалното не е замена за вистинските вредности туку мерка за сите вредности но само во моментот и сето тоа е погрешно. Кој не се снашол тој не заслужил да успее.
Не е потребно да се биде академски стручњак за општествените феномени дека снобизмот секогаш оди рака под рака со дискриминацијата. Магазините се занимаваат со прашањата за тоа што е во мода а што не е, како треба да се облекуваме, која музика треба да ја слушаме, на кои манифестации треба да отидеме. Некој од високо ќе го гледа сиромашниот комшија бидејќи нема пари за летување во Египет, некој својот другар од одделенето бидејќи никогаш не слушнал за Exit и слично.
Суштината е иста. Борбата која почнала со почетоците на демократијата, обидот на неблагородните со образованието и стилот да се изедначат со аристократијата, дошла до степен во кој секој се дефинира според она што го издвојува и благодарејќи на она што може да се се каже дека се наоѓа во некоја посебна елита.