Со оваа растение ниеден антибиотик не може да се спореди!
Плодовите од смреката во минатото се користеле за лечење на куга, колега и други болести па затоа во народната медицина и денеска останало верување дека конзумирањето на плодовите на смреката е одлична заштита против различни заболувања.
Смреката претставува најраспространет четинар па може да се најде насекаде во Европа, западна и северна Азија, северна Африка и во Северна Америка. Речиси се прилагодува на сите видови тла и надморски висини.
Смреката е зимзелена билка која припаѓа на родот на чемпреси. Билката расте како средно висока грмушка и ниско стебло, а може да порасне и до 15 метри. Машките стебла се високи додека женските се во форма на грмушка и носи плодови.
Расте по шумите, сувите предели и отворените пасишта. Плодовите се меснати со триаголни зарежувања. Интересно е дека плодовите се развиваат само на женските билки, а се берат од наесен па се до зима кога се доволно зрели.
Плодовите од смреката се берат дака што се тресат од гранките на некое платно или некоја ткаенина поставена под смреката, а после тоа се сушат на суво светло место.
Сушењето на плодовите треба да биде исклучиво по природен пат.
Ако плодовите се користат за печење на ракија или дестилација на етерично маслно тогаш се преработуваат свежи. На билката често се наоѓаат и зелени и зрели плодови со оглед на тоа дека зелените плодови дозреваат наредната година. Зрелите плодови се со виолетова боја и со ароматичен мирис, додека вкусот пак има горчина.
Смреките изобилуваат со етерично масло, флавонски гликозидими, инвертен шеќер, пектин, смола и воскови. Плодовите содржат и органски киселини, калиум, манган додека пак младите издатоци и иглици изобилуваат со витамин Ц.
Смреките како зачин, за пиво и за оцет
Пред употреба добро осушените плодови чувајте ги во затворени стаклени садови. Со останатите зачини и ароматични билки смреката е позната состојка на џинот а заслужна е и за негова карактеристична арома.
Во скандинавските земји од смреките се подготвува посебен вид на пиво, во Франција се подготвува вино, а во Германија во различни сосови како посебен вид на оцет. Овој оцет или Wacholderssig се добива со натопување на згмечените бобинки од смрека во вински оцет со додавање на шеќер.
Како зачин смреката се додава во паштетите, супите, рибини и месни преработки, разни сосови и сл.
Етерично масло
Како и голем број на етерични масла и етеричното масло од смрека се издвојува со постапка на водена дестилација. Маслото кое е добиено од самите плодови без гранки е најквалитетно, а обично претставува нуспроизвод на дестилација на ракија од смрека.
Содржината на етеричното масло во плодовите од смреката е високо и се движи од 1 до 2,5 проценти. Во него е утврден голем број на сооединенија.
Околу 80 проценти од соединенијата отпаѓа на алфа-пинен и бета-пинен кои се заслужни за терпетински мирис на маслото.
Од останатите соединенија значајно се застапени кариофилен, кариофилен епоксид, терпенилацетат и камфор. Содржината на пиненот во добиеното масло од зрели плодови е помало отколку во незрелите плодови и обратно со содржината на терпинен-4-ол.
Ако во дестилацијата се користени и гранки и незрели плодови освен зголемената содржина на пиненот, маслото во значајна количина ќе содржи и борнилацетат, со кој се одредува чистината на маслото.
Лековитост и употреба
Лековитото делување на смреката е навистина огромно. И денеска во литературата се истакнува нејзиното благотворно делување со изразот: Каде што неможат да постигнат антибиотиците, постигнува смреката!
Плодовите од смреката во минатото се користеле за заштита од кугата, колерата и другите болести па во народната медицина и денеска останало верување дека конзумирањето на плодовите од смреката претставува идеална заштита против различни заболувања.
Смреките и нивното етерично масло делуваат диуретично па начесто се користат за воспаление кај бубрезите, кај намаленото излалување на урината, отечените зглобови и ревматски тегоби.
Сепак , со употребата на етеричното масло и плодовите од смреките треба да бидете внимателни бидејќи неговото зачестено користење може да доведе до надразнување на бубрегот, крварење, промена на урината па дури и воспаление па од таа причина конзумирањето треба да се редуцира на помало количество.
Не е препорачливо да го употребуваат ни трудниците ни малите деца а не се препорачува ни подолга примена од три недели. Од таа причина пред конзумирање на смреката и нејзините производи треба да се посоветувате со лекар.
Делување на пробавата
Во цревната флора, смреката и нејзините додатоци ги уништуваат бактериите, а помагааат и за варење на храната и за детоксикација на цревната флора но и за целиот огранизам. Маслото и плодовите помагаат на стомачните органи кај жените и ја подобруваат менструацијата.
Етеричното масло помага за полесно искашлување на слузината и го намалува излачувањето на бронхијалните жлезди, а познато е дека ги ублажува симптомите на општиот замор, главоболката, раздразливоста .
Се користи во диуретици и лаксативи како и мирисните компоненти во различните козметички производи како и за ароматизирање на прехрамбени производи и во ароматерапија.
Тинктура и ракија како лек
Ракијата и тинктурата од смреката во народната медицина се користат за лечење на тегоби во желудник, грчеви во цревата и болести во жолчката и црниот дроб, катарактата, астмата, болестите на бубрегот и меурите за излачување на вишокот вода како и кај гихтот.
За ракијата се погодни зрелите плодови кои содржат од 20-30 проценти шеќер. Од плодовите се отстрануваат петелките за да може при вриењето да не се развие непријатен мирис и да при дестилацијата не се добие ракија со горчлив вкус.