Со портокал диета, можете да изгубите еден килограм на ден

Слични

Сподели

Со портокал диета, можете да изгубите еден килограм на ден.

Покрај слабеењето, портокал диета ќе им помогне и на оние кои имаат проблеми со варење или нечиста кожа, бидејќи ја намалува апсорпцијата на маснотиите на природен начин, па ја прави кожата поубава.

Прв ден:

Појадок (секој ден е ист): еден портокал, два двопека, шолја кафе или чај без шеќер

Ручек: еден портокал, едно варено јајце, кисело млеко (или јогурт)

Вечера: два домати или два dcl доматно пире, две варени јајца, 1/2 кг зелена салата (мала глава) или краставица, два двопека.

Втор ден:

Ручек: еден портокал, едно јајце, кисело млеко, два двопека

Вечера: 125 гр мелено говедско месо, еден домат, еден тост, шолја чај или кафе

Трет ден:

Ручек: еден портокал, едно варено јајце, едно кисело млеко, една мала главица салата

Вечера : 125 гр мелено месо, еден портокал, еден тост, шолја кафе или чај

Четврти ден:

Ручек: 125 гр свежо кравјо сирење со малку млечна маст (може да користите и сирење моцарела), еден домат, еден тост

Вечера: 125 гр мелено месо, два домати или две dcl доматно пире, едно јаболко, еден тост

Петти ден:

Ручек: 200 гр варено месо или риба, еден домат, еден тост

Вечера: 500 гр варен зеленчук (моркови, грашок, компири, (), едно јајце, еден домат.

Јадете нормално за време на викендите.

За одржување на посакуваната тежина:

Кога ќе ја достигнете саканата тежина, одржувајте ја јадејќи го следното мени секој понеделник, бидејќи секој килограм понатаму е битен.

Појадок: една лимонада без шеќер

Ручек: едно јајце, еден тост, еден домат

Вечера: еден тост, еден домат (може да имате уште едно јајце)

Диетата е прилично ограничувачка, па затоа пред да одлучите да ја користите, консултирајте се со нутриционист и лекар и следете ја под медицински надзор. Многу е важно доколку се одлучите за оваа диета, да си поставите реални цели и да не ја држите повеќе од две недели.

error: Content is protected !!