Сите сме навикнати на благи палачинки. Но , дали досега сте имале можност да направите палачинки на солен начин? Овој рецепт ќе стане вашиот омилен начин дури и пред благите палачинки.
Состојки
- 4 јајца
- 200гр шунка
- 200гр сирење
- 100гр презла
Подготовка
Јас ги печам палачинки како и обично, додавам само сол. Секоја ја премачкувам со лажица кисела павлака, ставам две парчиња сирење и две парчиња шунка (тенки исечени и двете), и ги преклопувам како кисела зелка. Секоја ја поминувам низ брашно, потоа во јајца, па во презла. Потоа ја пржам во масло додека убаво зарумени од сите страни.
Уживајте!