Солени палачинки подготвени на здрав начин (според рецептот на Џејми Оливер)

Слични

Сочна торта со круша, неодолива за празниците (РЕЦЕПТ)

Сочна торта со круша, неодолива за празниците (РЕЦЕПТ). Правете торти...

5 совети на готвачи со Мишелин ѕвезда за новогодишната вечера

5 совети на готвачи со Мишелин ѕвезда за новогодишната...

Лиснато тесто со јаболка и цимет

Лиснато тесто со јаболка и цимет. Можете ли да ги...

Колач со ѓумбир и глазура од крем сирење

Колач со ѓумбир и глазура од крем сирење. Речиси и...

Пилешко и зеленчук во бои на виножитото

Пилешко и зеленчук во бои на виножитото. Иако малкумина од...

Сподели

Солени палачинки подготвени на здрав начин според рецептот на Џејми Оливер

Познатиот готвач Џејми Оливер често нè изненадува со убави рецепти. Храната подготвена по негов рецепт е брза, здрава и лесна. Неговиот рецепт за солени палачинки погодни за пролетната сезона одамна ги фасцинира љубителите на кулинарството.

Тука ви претставуваме нов рецепт за палачинки за сите оние кои сакаат да подготват здрав и вкусен појадок. За подготовка на овие палачинки не ви се потребни брашно, млеко и масло. Неопходно е да имате само блендер.

Рецепт:

  • 100 гр овес,
  • 100 гр урда,
  • 2 големи јајца,
  • 1 лажичка прашок за пециво,
  • маслиново масло,
  • авокадо и јајце.

Изблендирајте ги овесните снегулки, јајцата, сирењето и прашокот за пециво. Ако смесата е премногу густа, додадете малку вода и сол.

Загрејте ја тавата на средна топлина со малку маслиново масло или путер по желба.

По совет на Џејми, послужете со авокадо или јајце на око или со други прилози по ваш вкус.

Уживајте!

error: Content is protected !!