in

Современиот Робин Худ е Македонец! Обожава печен леб од фурна и има што да ти каже!

Е да и ние си имаме Робин Худ и веруваме дека сите знаат за баткото, чичкото, дечкото т.е. ЧОВЕКОТ кој успеа да покрене сам иницијатива и да собира, репарира,  комплетира и донира компјутери за децата чии родители неможат да си дозвалат да им купат.

За каков човек станува збор, дали и тој е само од крв и месо и има ли нешто повеќе од тоа дознајте подолу под оваа фотографија на која и официјално е признаен како Европеец на годината!

FLIP: Кој би бил насловот на Вашата автобиографија?

Б.С.: На ова иmам размислувано после разговор со пријатекли и имам и наслов: Поглед во недоглед

FLIP: Како би ја опишале Вашата професија на едно љубопитно дете?

Б.С.: Го гледаш комјпутеров? Сега ќе ти го направам да ти тера Фортнајт без да ти кочи!

FLIP: Опишете ни го Вашиот живот со наслов од филм или песна и кажете ни зошто баш тој наслов.

Б.С.: Па горе доле се што работам пред се мора да ми е забавно. И ми е. Би рекол Don’t stop me now од QueenЖивотот е безвезален ако тоа што го работиш не го сакаш. Исто животот е безвезален ако не знаеш да се радуваш. So please, don’t stop me!

FLIP: Која точка од светот Ве прави да се чувствувате посебен и зошто?

Б.С.: Немам таква точка, ама имам пријатели што прават да се чувствувам посебен секој ден, со тоа што ме трпат иако понекогаш знам да бидам “тиииит” од човек. Тие се моите точки.

FLIP: На што мислите кога сте сами во Вашиот автомобил?

Б.С.: Немам автомобил, ама кога сум на точак гледам/мислам да не се слупам во некој дол.

FLIP: Како би го именувал својот брод доколку го имаш и зошто баш тоа име?

Б.С.: Имам страв од вода, но кога веќе би имал брод би го именувал Шервуд и ќе биде вечно вкотвен. А името е затоа шо ми имаат речено дека сум модерен Робин Худ без делот каде ги ограбуваме богатите!

FLIP: Ако можете да започнете добротворна организација, за што би служела таа?

Б.С.: Јас веќе имам добротворна организација, се вика Донирај Компјутер. Главна активност ни е да им овозможиме на сите деца во Македонија еднакви шанси за квалитетно образование со тоа што им обезбедуваме ИТ уреди.

FLIP: На која тема би можеле да одржите 20-минутна презентација без никаква подготовка?

Б.С.: Албумот Six degrees of inner turbulence на Dream Theater.

FLIP: Која е најинтересната личност со која сте се сретнале и разговарале?

Б.С.: Доста време минувам во разговарање со себе така да…

FLIP: Како ги потрошивте парите од вашата прва плата или проект?

Б.С.: Знам дека купив ново казанче за во тоалетот, после славевме и утредента веќе бев шворц.

FLIP: Кое беше последното нешто за што навистина се возбудивте?

Б.С.: Слетувањето на реупотребливите ракети на SpaceX на платформа.

FLIP: Која е најдобрата локација за целосно уживање во добра шолја кафе?

Б.С.: Дома. Во мојата фотелја. Во моја шолја. Со мое кафе. Со мој шеќер. Со мое лажиче. Луѓето не се баш задолжителни.

FLIP: За каква чудна работа имате носталгија?

Б.С.: За место на кое не сум ни бил. Светилник некаде на крајот на светот.

FLIP: На кого најмногу му се восхитувате на светот?

Б.С.: На мајка ми. Тоа е жена шо не исправи и ни даде насока во животот!

FLIP: Кој би ве играл во филмот од вашиот живот?

Б.С.: Веројатно Брајан Остин Грин или Дејвид Швимер. Но, ако на кастинг го изберат Зак Ефрон ќе имаме проблеми! 

FLIP: Што мириса подобро, свежо исечена трева или печен леб во рерна?

Б.С.: Леб печен во фурна!

FLIP: Од што би било најтешко да се откажеш?

Б.С.: Од себе.

FLIP: Дали некогаш сте поминале еден ден без да носите долна облека?

Б.С.: Нормално, па не сум ја ненормален!

FLIP: Која е вашата лозинка за Wi-Fi?

Б.С.: Грчка божица на убавината, број после 10, назив на дрвена ограда околу куќа, дел од еволуцијата на човекот. Така некако.

FLIP: За што ќе бидат носталгични луѓето за 50 години?

Б.С.: За Југославија, веројатно.

FLIP: Ако би бил десерт, што би бил?

Б.С.: Торта од лимон.

FLIP: Како да свртиме на подобро?

Б.С.: За почеток треба да се свртиме и да погледнеме околу себе.
Каде живееме?
Која е нашата улога во општеството?
Што можеме ние како единка да направиме за општо добро?

Јас сум човек кој се води по она на ЏФК, не се прашувај што може државата да направи за тебе, запрашај се што можеш ти да сториш за државата. Знам дека е клише и дека овде таа изрека губи секаков смисол поради негрижата на државата за своите граѓани, но тоа воопшто не ме обесхрабрува. Напротив, ми дава уште повеќе елан.

Бев упорен во намерата да им покажам на сите дека и само еден човек е доволен за промена! Секое големо постигнување започнува со желбата да се проба да се смени нешто. Со Донирај Компјутер успеав да обединам огромен број на граѓани и компании кои се здружија во една мисла, една идеја, како да се помогне на послабите. На оние со кои животот на некој начин се поиграл.

Мојот почеток изгледаше вака: дечки, имам една идеја која не е ништо посебно! Пет години подоцна Донирај Компјутер е сериозна иницијатива за која се пишува и надвор од границите на Македонија. Донирај Компјутер е иницијатива која со труд и работа успеа да обезбеди 1024 ИТ уреди за деца, семејства па и државни институции кои сами не беа во можност да ги набават. И цело тоа без да потоши ниту еден денар.

Иницијатива која беше македонски претставник во брошурата “Тајните на успехот” за 2020 година која ја издава Европската комисија. Иницијатива која ќе биде претставник на Македонија во брошурата која ја издава Светската здравствена организација како иницијатива која се истакнала со помош на своите сограѓани за време на пандемија.

Бројните награди кои ми стојат закачени во претсобје и веќе ми недостасува простор, ми служат само како потврда дека тоа што го сработивме изминатите пет години наидува на многу позитивен фидбек, посебно кај надворешните претставници. Сепак, на крај на денот најголема награда ми е искреното благодарам од обичните луѓе! Јас, покрај моите секојдневни работни обрски, успеав да си ја најдам улогата во ова наше ненормално општество и да помогнам со моето знаење. Да помогнам не само на моите сограѓани, туку паралелно и на државата.

Што те спречува тебе да почнеш нешто со што ќе оставиш траен печат?
Нешто по кое ќе останеш запаметен?
Нешто за кое се говори и ќе се говори со гордост и восхит? М?


Биди дел од иницијативата, помогни и на нацијата за ИТ писмени деца, приклучи се на https://donirajkompjuter.mk/

Сите фотографии користени во ова интервју се во сопственост на Борче Стаменов

What do you think?

Avatar photo

Written by Flip

strawberry shake on clear drinking glass

Откријте ги Тајните на Совршено Смути: Зошто е Вашето Ново Тајно Оружје за Здравје!