СОВРШЕН ЛЕТЕН РУЧЕК: Ова се највкусните уштипци од тиквички што некогаш сте ги пробале!
Состојки:
•тиквички 5 парчиња
•сирење 500 гр
•јајце 1
•презла 1 чаша
•брашно 1 чаша
•пипер прстофат
•прстофат оригано
•прстофат босилек
•магданос
•главица кромид
Подготовка:
Изрендајте ги тиквичките и исцедете ги добро. Додадете Срем сирење , јајце, бибер, оригано, сол, презла, брашно, магдонос , кромид и малку мелен босилек. Добро измешајте ја смесата, па направете хамбургери . Засукајте ги во брашно, па во лебници и пржете на загреано масло додека не поруменат од двете страни. Послужете со кисела павлака и сезонска салата.