Совршен прилог или салата за секоја пригода!
За подготовка на овој рецепт потребно ви е:
- Пиперка (бабура) – 1 килограм
- Кисела павлава (по желба) – 1500 грама
- Сол – по потреба
Подготовка:
Пиперките треба добро да ги измиете, да ги исчистите од семето и да се просушат. Во секоја пиперка ставете по половина лажичка сол и распоредете го по ѕидовите. Наредете ги пиперките со отвор нагоре и оставете ги да преноќат во фрижидер.
Наутро завртете ги да излезе сета течност која пиперката ја има испуштено во текот на ноќта и дајте еден час да се осушат.
За тоа време проматете ја павлаката со три лажички сол. Кога пиперката е исцедена секоја наполнете ја со павлака. Садот во кој треба да ги поредите пиперките премачкајте го со слој од павлака па потоа додадете ги полнетите пиперки, една до друга и малку ги притиснете.
Кога ќе го завршите редот, премачкајте ги пиперките со слој од павлака и така продолжете додека не ја искористите сите продукти. Завршете со слој од павлака . Ставете во фрижидер и по 7 дена можете да уживате во овој одличен рецепт.
Уживајте!