СОВРШЕНА ЛЕТНА УЖИНКА: Вака се прави највкусниот сладолед од лубеница! (РЕЦЕПТ)
Овој десерт е совршен кога температурата надминува 30 степени. Лесна, вкусна и освежувачка …
Состојки:
• 3-4 чаши лубеница сецкани на парчиња
• Четвртина чаша сок од лимон
• Лажичка шеќер
• Лимон исецкан на прстени
• Блендер или миксер за стапчиња
• Стапчиња за сладолед
• Чаши калапи за јогурт или сладолед
Подготовка:
Откако ќе ја исчистите лубеницата од семето, исечете ја на парчиња и ставете ја во мешалка. Додадете една четвртина чаша сок од лимон и лажичка шеќер. Кога сè ќе се соедини, истурете во калапи за сладолед или чаши со јогурт и ставете го стапот во средина. Користете исечен лимон за полесно да го поставите стапот, но и како украс. Кога ќе замрзнат, едноставно извадете ги и уживајте во вашиот сладолед.