ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Справете се со акните на природен начин!

За тоа колку медот е корисен за нашето здравје и колку е ефикасен како состојка за различните козметички третмани се зборува години наназад. Меѓутоа освен медот, не треба да ги заборавиме останатите ефикасни производи на пчелата како што е восокот и прополисот кои исто така допринесуваат за да ја сочуваме нашата убавина.

Пчелите се многу вредни козметичари и вистински лекари кои во себе кријат моќни состојки кои го спречуваат предвременото стареење, ја хидрираат нашата кожа, ги намалуваат воспаленијата, ги бришат акните и ги ублажуваат постоечките брчки. Кремите, разните козметички производи како и домашните лекови кои се направени на база на пчелните производи како што е восокот и прополисот одговараат на сите типови на кожата и истата ја освежуваат и подмладуваат.

Пчелиниот восок ја штити кожата

Пчелиниот восок во светот на козметиката се искачи на високо ниво, пред се затоа што е природен, не содржи токсични состојки и на кожата и дава многу бенефити. За разлика до продуктите кои се направени од нафта како што е вазелинот и парафинот, пчелиниот восок не ја оштетува кожата и не ги запушува порите.

Делувајќи како сурфактант, пчелиниот восок формира заштитна бариера на површина на кожата која штити од штетни материи кои иритираат и надворешни влијанија како што е ветерот и студот но под тоа кожата и понатаму дише и ја има потребна влажност. Па од таа причина восокот претставува доста честа состојка во балзамот за устатата, кремите против стареење и кремите са сува и дехидрирана кожа.

Благодарејќи на високото количество на витамин А, пчелиниот восок ги обновува ќелиите и успешно се бори против слободните радикали. Тој ја омекнува и регенерира кожата, активно делува против брчките и има благи антибактериски својства а воедно докажано делува против стафилококите.

Доколку кожата ви е премногу сува и поради тоа непрестано ве чеша, пчелиниот восок е идеален за вас. Поседува и антиалергено дејство па одговара на оние кои имаат чуствителна кожа која е подложна на иритирања.

Со прополис против акни

За прополисот веќе знаеме дека е доста лековит за целиот огранизам и тој има сериозно исксутво во службата за сочувување на нашата убавина па не е ни чудно што го нарекуваме и пчелин дар за нашето лице. Тој содржи многу витамини, минерали како што се магнезиумот, цинкот, железото, никелот и слично но и органски киселини, полифеноли, флавоноиди, и сето тоа го прави да биде одличен природен анестетик, антиоксиданс, антисептик и антибиотик.

Прополисот помага во зачувувањето на кожата на лицата така што ги лечи акните и делува директно на микробите кои се главен причинител. Во себе имаат актиоксиданси како што е галангинот, пинобанскинот, кверцетин но и кофеинска киселина и хидрохинон, а сите овие состојки се често наоѓаат во кремите за акните.

Со употреба на прополисот успешно ќе ги отстраните до вашето лице и повторно ќе го вратите сјајот. Само треба да го нанесете како тенок слој на делот од лицето кој е зафатен со акни и сето тоа треба да го повторите неколку пати на ден.

Прополисот е фантастичен и во лечење на постоечките лузни од акни а може да спречи и создавање на нови. Само бидете упорни и истрајни.

Иако не треба да ви пречи, можат да се појават и алергиските реакции кои се до одреден степен ретки и доста е важно тоа да го знаете. Во случај да сте алергични на некој од пчелините производи тогаш не би требало ни да го користите прополисот за лицето. Не се препорачува да го користите ако сте бремени или доите.

Проверете дали стее алергични така што на мал дел од вашата кожа ќе нанесете капка од прополисот. Почекајте половина час за да видите дали ќе се појави некаква реакција. Ако е се во ред можете да го користите.

Маст од прополис против акни

Потребно е : 100 грама животинска маст и 15 грама прополис

Подготовка: Состојките ставете ги во емајлирана или керамичка чинија, која ќе ја загреете на пареа. Не користете прибор од метал или пластика. Во садот додадете вода и почекајте да почне да зоврие, па ставете го садот со состојките.

Температурата на топење на смее да помине 80 степени, за да прополисот не ја изгуби својата лековитост, па затоа регулирајте ја температурата и мешајте непрестано околу 10 минути се додека прополисот не остане само обична трага на дното на чинијата. Потоа процедете ја кремата во керамичкиот сад со капат и оставете да се олади па потоа ставете во фрижидер. Нанесувајте ја навечер на чисто лице.

Крема против стареење

Состојки: 4 лажички пчелин восок, 2 лажички путер, 4 лажички масло од пченични никулци, 2 лажички бадемово масло, 2 лажички мед, 8 капки етерично масло по желба.

Подготовка: Ставете вода во сад и загревајте на умерен оган. Пчелиниот восок ставете го во стаклена чинија а потоа ке го префрлите во загрејана вода. Промешајте го восокот и пуштете го да се стопи. Во восокот ставете путер и продолжете со мешање. Додадете масло од пченичните никулци и бадем и кусо мешајте промешајте.

Сместата тргнете ја од шпоретот па потоа со миксерот добро измешајте. Додадете мед. Продолжете да мешате со лажичка се додека смесата не се олади. После тоа додадете етерично масло по желба. Добиената крема ставете ја во мал стаклен сад со капак и чувајте во фрижидер.

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!