СРЦЕТО МОЕ
Не будете ме во утрата рани
мугрите нека бидат само мои,
невино покриете ме со денот,
заслужувам прегратка нежна,
срцето скитник чекав да се врати
цела ноќ скиташе со сонот!
Тешки мисли одамна како сенки го газат,
минатото искусно со шепот мами, лаже,
заедно со спомени стари
на луда дружба го кани.
Предизвик голем и за поголеми ноќни херои…
А ноќта…
ноќта демне и баш такви скитници чека
со стапици, замки во мракот
далеку од желбите,
во немир и душевна темница ги носи!
Ех, срцето мое скитник е голем,
но, не може така лесно да го заведе сонот
патот за назад добро го знае
уморено, повторно дојде, во градите мои.
затоа не будете ме во утрата рани.
мугрите нека будат само мои !
Невино покриете ме со денот нов,
заслужувам утринска, прегретка нежна!
Автор Милена Лунеска