ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Што се случи со Мртвото Море?

Што се случи со Мртвото Море?

Мртвото Море, спектакуларно солено езеро меѓу Израел, окупираниот Западен Брег и Јордан, изгуби една третина од својата површина од 1960 г. Водата што се повлекува зад себе, остава пејзаж налик на месечината (бело копно од сол издупчено со кратери).

Во златното доба, во прекрасното место Ајн Геди, во 60-тите години од минатиот век, посетителите можеле да пливаат во базени со загреана вода, а потоа да скокаат во Мртвото Море.

Денес сето тоа е минато бидејќи вдлабнатините можат да се формираат за миг и да достигнат длабочина од повеќе од десет метри. Исто така, им се зголеми нивниот број на брегот на езерото во последните дваесет години.

Како што се повлекува водата, остава зад себе наслаги од подземна сол. Кога врне, слатката вода навлегува во почвата и се раствора со неа, па бидејќи нема потпора, земјата се урива и формира кратери.

Мртвото Море денес

Некогаш туристичко одморалиште, Ајн Геди, денес е град на духови, искривен од кратери, во кој плантажите со урми се напуштени, а милиони шекели инвестирани во туризмот отидоа на отпад.

Итаи Гавриели, научник од Геолошкиот институт во Израел, вели дека илјадници кратери се формираат на секоја страна од Мртвото Море. Овие опасни кратери, но и „уникатни и магични“, се директна последица на пресушувањето на езерото уште од 70-тите години од минатиот век поради отстапувањето на реката Јордан и зголемената експлоатација на минералите.

Мртвото Море денес добива само 10% вода во однос на претходниот период бидејќи Израел и Јордан имаат зголемени потреби за вода за пиење и за наводнување.

Глобалното затоплување придонесува и за пресушување на Мртвото Море, па така, во јули 2021 г., на пример, во Содом, југозападно од Мртвото Море, беа измерени 49,9 целзиусови степени.

Гидон Бромберг, израелскиот директор на невладината организација Ecopeace, објаснува дека овие кратери се „одмазда на природата“ на човекот за „неприфатливото однесување“.

„Нема да можеме да го вратиме Мртвото Море во претходната состојба, но сакаме  барем да се стабилизира нивото на водата“, вели Бромберг.

Неговата организација обединува јордански, палестински и израелски научници и се залага за зголемување на бигорот на Средоземното Море. Тоа е со цел да се олеснат Галилејското Море и реката Јордан, која се влева во Мртвото Море. Во тој случај таа би донела повеќе вода.

Екопис, исто така, сака индустријата да го сноси својот дел од одговорноста со тоа што ќе плаќа повисоки даноци.

Министерството од Јордан смета дека решенијата треба да се бараат на меѓународно ниво бидејќи светот треба повеќе да се запознае со проблемот со Мртвото Море.

Во јуни, Јордан, една од земјите со најголем недостиг од вода, се откажа од изградбата на канал што ќе го поврзува Црвеното со Мртвото Море. Тоа требаше да се направи во соработка со Израел и со Палестинците. Наместо тој канал, властите од Јордан одлучија да изградат фабрика за бигор за да ја зголемат дистрибуцијата на вода за пиење.

На Мртвото Море му недостигаат милијарда кубни метри вода годишно

Но, дури и да беше изграден каналот, тој не можеше да го спаси езерото, вели Еран Халфи, хидролог од Научниот институт „Арава“.

— На Мртвото Море му недостигаат милијарда кубни метри вода годишно, а каналот може да донесе 200 милиони кубни метри — објаснува Халфи.

Научниците веруваат дека повлекувањето на Мртвото Море е неизбежно во следните сто години и дека кратерите ќе продолжат да се шират. Потоа, езерото би можело да се врати во рамнотежа бидејќи како што се намалува неговата површина, водата ќе стане посолена и ќе се забави испарувањето на водата.

Таквата иднина во која „морето може еден ден да си ја врати рамнотежата“, ја отфрла Алисон Рон од Ајн Геди и го обвинува човекот дека си игра со природата. Тој заклучува: „Треба да се срамиме што дозволивме да се случи ова.“

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!