Што значи кога жената бара од својот партнер да биде романтичен? Десет работи на кои таа, всушност, мисли

Слични

Брачниот советник наведува три причини за развод на паровите

Брачниот советник наведува три причини за развод на паровите. Еден...

Како жените покажуваат заинтересираност?

Како жените покажуваат заинтересираност? Сите совети на едно место за...

Сподели

Што значи кога жената бара од својот партнер да биде романтичен? Десет работи на кои таа, всушност, мисли.

Жените сакаат да бидат изненадени со романтичен гест, а понекогаш им е доволна и само една реченица.

Ако мислите дека романсата е изумрена, грешите. Жените тајно се надеваат дека мажите не ги заборавиле најважните работи: внимание, убави манири и романса.

Честопати, малите гестови кои доаѓаат од срце, се доволни за да ја направат жената среќна и да ја насмеат. На жените најмногу им се допаѓа кога ќе ги изненадите токму така, а не поради некој важен состанок бидејќи токму така покажувате дека секогаш мислите за неа.

Романтиката е она што ја прави посебна љубовта меѓу две личности и она што ја прави разликата помеѓу вашата врска и другите. Кога жената бара од вас да бидете поромантични, таа не бара да потрошите повеќе пари, да направите нешто спектакуларно или да се претворите во нешто што не сте.

За повеќето жени, романтичен маж е оној кој знае да покаже нежност. Освен тоа, романтичните мажи треба да ги практикуваат и овие 10 работи:

1) Бакнете ја на челото. Тоа е одраз на обожавање и на апсолутна посветеност.

2) Кажете дека ќе останете на работа подолго, а потоа изненадете ја и дојдете порано.

3) Пуштете ја вашата песна и поканете ја за танц.

4) Донесете кафе и појадок во кревет.

5) Оставете парчиња хартија со убави љубовни пораки насекаде во станот.

6) Нарачајте ги нејзината омилена храна и десерт за да ја изненадите.

7) Планирајте викенд на планина.

8) Купете ги нејзините омилени цвеќиња.

9) Организирајте вечер само за двајцата, со шише омилено вино.

10) Подгответе храна, пуштете филм што посакува да го гледате долго време и стегајте се еден до друг.

error: Content is protected !!