ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Терапија за парови – дали ви е потребна?

Терапија за парови – дали ви е потребна?

Терапијата за парови има навистина лоша репутација, а многумина веруваат дека тоа е последен обид да се спаси врската. Сепак, тоа не мора да биде така, бидејќи со стручна помош секој пар може да ги реши проблемите во врската и да има светла заедничка иднина.

Нема погрешно време да барате надворешна перспектива на вашата врска. Но, како што обично се случува, повеќето парови го одложуваат одењето кај терапевтот до крајност, а кога конечно ќе стигнат таму, обично е предоцна. Доколку се сомневате дека вам и на вашата сакана ви е потребна терапија за парови, обрнете внимание на знаците кои можеби укажуваат на тоа.

Правите планови без да размислувате за вашиот партнер

Без разлика дали правите планови за петок навечер, или размислувате каде ќе патувате следно, треба да размислите и за вашата друга половина. Доколку намерно или потсвесно не сакате вашиот партнер да учествува во вашите планови, време е да посетите терапевт. Исто така, доколку не сте во плановите на вашата сакана, тоа е црвено светло кое не треба да го игнорирате.

Едниот од вас верува дека другиот е крив и одговорен за лошиот однос

Вакво нешто е всушност суптилна верзија на презир, а презирот е она што се смета за „сулфурна киселина за љубов“ – тврдат терапевтите. Скриениот презир е потоксичен за една врска отколку отворениот конфликт и непријателското однесување. За врска се потребни двајца, па за проблеми во врската потребни се двајца.

Дискутирате за исти теми без видлив напредок

Ако сте разговарале за истата тема повеќе од три пати, без надеж да ја решите со договор или несогласување, треба едноставно да ги погледнете работите од реален агол. Постојаните дебати за истите проблеми можат да ја уништат врската до тој степен што веќе не е можно да се поправи.

Размислувате да одите на терапија за парови

Фактот дека размислувате да одите на терапија за парови е сигурен знак дека мислите дека ви треба такво нешто. Можеби не сте подготвени тоа гласно да му го признаете на партнерот, но тоа не значи дека тоа не би помогнало. Никој од нас нема прирачник со решенија за сите проблеми со кои може да се сретне врската и во ред е да побарате помош. На терапевтот не треба да се гледа како на неопходно зло, туку како на трето лице кое е подготвено да помогне.

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!