Од овaa тестo можете да направите што и да ви падне на памет – од основа за пица, слатки и солени ролни, мини пица,лебиња…
Состојки:
1 кг брашно
1 прашок за пециво
1 лажица сол
1 дл масло
4 дл јогурт
2,5 дл млеко
1 коцка свеж квасец
2 лажици шеќер
2 јајца
Подготовка:
Како и со подготовката на други теста, ставете топло млеко во кое ќе додадете малку шеќер, квасец, 2 лажици брашно.
Промешајте малку за да се стопи шеќерот за побрзо да се подигне квасецот. Пожелно е да се задржи просторијата топла со цел побрзо да се постигне посакуваната реакција.
Во друг сад измешајте ги преостанатите состојки.
Кога квасецот се зголеми доволно, ставете го на средината на брашното.
Месете го тестото да биде мазно. Ако ви се залепи за раце, додадете малку повеќе брашно.
Пронајдете една кеса и ставете го тестото во неа.
Можете да го запрашате малку или да го брашнете за да не се држи. Важно е добро да се исфрли целиот воздух од вреќата.
Ставете го тестото во фрижидер, каде што можете да го чувате до 7 дена.
Пред мешање, тестото треба да се остави на топло место најмалку еден час, и колку подолго, толку подобро.