ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Тишината го лечи мозокот!

Тишината го лечи мозокот!

Во овој бурен свет, секојдневно сме под високо ниво на стрес и многу ретко имаме можност да уживаме во тишината и задоволството што ни го пружа.

Тишината е нешто што повеќето луѓе не го уживаат затоа што тие навистина не знаат кои се придобивките од трошењето одредено време во апсолутна тишина. Науката неколку пати потврди дека тишината влијае позитивно на здравјето и функционирањето на мозокот.

Одвојте одредено време секој ден да го поминете сами со своите мисли, без никакво одвлекување на вниманието, а ефектот ќе биде најдобар ако тоа време го поминете во природа на чист воздух. Во меѓувреме, заборавете на метежот и вревата околу себе и уживајте во придобивките од тишината.

Тишината ја стимулира регенерацијата на мозочните клетки

Во студија од 2013 година научниците го проучувале влијанието на тишината врз лабораториските глувци. Резултатите од анализата покажаа дека два часа тишина на ден се доволни за да се стимулира растот на нови клетки во областа на хипокампусот. Хипокампусот е дел од мозокот одговорен за меморијата, емоциите и учењето.

Во таа студија, истражувачите откриле и дека тишината ја подобрува комуникацијата помеѓу невроните и го намалува ризикот од дегенеративни промени во мозокот.

Тишината овозможува зачувување и меморирање на информациите

Мозокот е секогаш активен, дури и за време на одмор. Во една студија од 2013 година, американски научници го проучувале влијанието на тишината врз информациите што луѓето ги сретнале во последните неколку часа. Откриле дека тишината поттикнува зачувување и обработка на овие информации. За време на времето што го поминуваме во тишина, мозокот има доволно време да процесира и складира информации. Многу често тишината помага и во решавањето на проблемите.

Недостатокот на тишина и бурното темпо можат да создадат чувство на расеаност, да ја намалат продуктивноста, концентрацијата и меморијата. Во таква состојба, скоро е невозможно да се зачуваат и запомнат какви било информации.

Тишината го намалува нивото на стрес и ја ублажува вознемиреноста

Постојаната изложеност на бучава го подигнува нивото на стресни хормони во организмот, што е многу лошо за здравјето на целиот организам. Мозокот секогаш реагира на звучните сигнали, дури и за време на спиењето.

Амигдалата е дел од мозокот кој е поврзан со складирање на спомени и обработка на емоциите. Се активира со звучни сигнали и го стимулира ослободувањето на хормоните на стресот. Ако живеете во прометна и бучна област, многу е веројатно дека имате зголемено ниво на стрес хормон (кортизол) во вашето тело.

Во студија од 2002 година, научниците ја анализирале мозочната активност на децата по изложувањето на бучава. Резултатите покажаа дека децата кои се постојано изложени на бучава имаат потешкотии во учењето и имаат посиромашни оценки, во споредба со децата кои поминуваат некое време во тишина секој ден.

Тишината ни овозможува да размислиме појасно

Секојдневната изложеност на бучава ја нарушува можноста за размислување логично и реално. Бучавата може да ја намали мотивацијата и да го зголеми ризикот од грешка при извршување на одредени задачи.

Децата кои се изложени на бучава даваат послаби резултати на тестовите на когнитивните функции, а кај возрасните е забележано покачено ниво на стресни хормони.

Една студија открила дека постојаната изложеност на бучава може да го забави когнитивниот развој и да го отежне развојот на јазичните вештини.

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!