ТОП 10 Најдобри Женски Музички Бендови на Сите Времиња

spot_img

Слични

ЛИМОН: Главниот сојузник на женската убавина

ЛИМОН: Главниот сојузник на женската убавина. Лимонот е една од...

Одри Хепберн – 8 тајни трикови за природна лепота

Одри Хепберн - 8 тајни трикови за природна лепота. Тајни...

Три масла за брзо добивање на бронзен тен: Подгответе се за сончање

Три масла за брзо добивање на бронзен тен: Подгответе...

Сподели

Низ историјата на музичката индустрија се среќаваме со многу женски музички бендови, кои се покажале како успешни. Интересен е фактот дека сите членови на тие групи а припаднички на понежниот пол претходно работеле на соло кариера.Според наше видување ке ги издвоиме десетте најдобри женски бендови на сите времиња.

Spice Girls

Најпознатиот британскиот женски поп бенд во девеесетите години на минатиот век кој владееше со музичката сцена е Spice Girls. Нема личност на планетата кој нема слушнато за нивниот хит Wannabe. Пред да се разделат членовите, оваа музичка група има снимено три студиски албуми.

Групата ја сочинуваа Mel B, Emma Bunton, Melanie C, Geri Halliwell и Victoria Beckham. Првите два студиски албуми дебитираа на местото број еден на британската топ листа, додека пак последниот албум „падна“ на второ место. Најпознати хитови кои и ден денеска се слушаат се Wannabe, Spice Up Your Life, 2 become 1, Stop, Goodbye и последниот снимен сингл Headlines (Friendship never ends).

Little mix

Моментално претставува најуспешен женски бенд на сите времиња. Девојките од кои е составена групата се формирани во X-factor 2011 година и иста победија. Групата е составена од Jessy Nelson, Jade Thirlwall, Perrie Edwards & Leigh-Anne Pinnock.

Девојките работата вредно осум годииа и за тој огромен труд говорат и петте студиски албуми кои дебитираа во топ 5 во Британија, а имаат и четири број еден хитови во својата земја. Меѓу најпознатите хитови се Wings, Move Black Magic, Secret Love Song, Shout-Out To My Ex, Touch, Woman Like Me и Think About Us. Моментално се во постапка на промена на издавачката куќа што им ја отежнува да го промовираат новиот албум.

Pussycat Dolls

Групата е формирана од страна на Robin Antin и се состоела од Nicole Scherzinger, Melody Thorton, Jessice Sutta, Kimberly Wyatt, Carmit Bachar и Ashel Roberts. Уште во 2003 година, доживува планетарен успех со синглот Don’t Cha кој е снимев во дует со раперот Busta Rhymes 2005 година. Албумот првично е издаден под називот PCD и истиот беше објавен во 2005 година и стави 3 топ хита на Billboard Hot 100.

Кога девојките го освоија светот со своите хитови, изгледот и фантастичната кореографија, наредните три години следуваше друг албум на групата а воедно и последен албум – Doll Domination.

По турнејата започнаа расправии и конфликти помеѓу девојките додека беа предгрупа на турнејата на Britney Spears, наводно поради тоа што Nicole како фронтмен на групата беше третирана подобро од останатите девојки, а тоа доведе и до само распаѓање. Постојат и шпекулации за реобединување но тоа сеуште не е сигурно.

Destiny’s Child

Оваа музичка група често ја менувала својата формација а финалната постава и ден денеска дава надеж дека можда во некој момент ќе се врати и ќе сними албум. Финалната постава се состои од Beyonce, Kelly Rowland и Michelle Williams. Бендот освои три Grammy награди и тоа за песната Say My Name.

Имаат снимано четири студиски албуми и еден божиќен албум. Најпознати им се хитовите : No, No, No, Survivor, Bills, Bills, Bills, Say My Name, Jumpin’jumpin’, Independent Woman Part I, Survivor, Bootylicious, Lose, My Breath Soldier & Cater 2 U.

TLC

TLC претставува еден од првите хип хоп бендови кои се доста ценети а а овој бенд го сочинуваат Lisa ‘Left Eye’ Lopez, Rozonda “Chilli’’ Thomas и Tionne „T-Boz“ Watkins. Музичката група по објавување на последниот албум кој буквално беше завршуван во помал состав бидејќи членката Lisa „Left Eye“ загина во сообраќајна несреќа прекина со работа во 2004 година. Бендот освои пет Grammy награди и пет MTV Video Music Awards. Најпознатите хитови им се Waterfalls, Unpretty, No Scrubs, Creep, Red Light Special.

Danity Kane

Оваа музичка група е формирана од страна на Sean Combs уште познат како P.Diddy и еден од најпознатите рапери на светската сцена. Бендот е формиран во MTV-show и е познат по називот Мaking The Band, а нивниот прв договор бил со музичката куќа на Diddy, Bad Boy Records. Имаат снимено три студиски албуми, а бидејќи првите два дебитираа на врвот на Billboard 200, овие девојки се единствениот женски бенд во историјата кој се најде на самиот врв.

Членовите на групата се Audrey O’Day, Dawn Richard, и Shannon Bex за кои и денеска се зборува дека постојат како Danity Kane, додека останатите два члана Audrea Fimbres и D.Woods ја напуштија групата. Најпознати хитови се Showstopper, Damaged, Bad Girl, Ride for you и Lemonade. Третиот студиски албум DK3 никогаш не доби адекватна промоција бидејќи се појави конфликт помеѓу Aubrey и Dawn.

The Pointer Sisters

Овој бенд е најстариот формиран жнески бенд и датира уште од 1969 година. Групата ја сочинуваат Ruth Pointer, Issa Pointer, Sadako Pointer, и поранешните членови: Anita Pointer, Bonnie Pointer, како и починатата June Pointer. Групата има издадено речиси шеснаесет студиски албуми, а последниот албум им е издаден 2008 година. Планетарно се познати со својот хит I’m so Excited кој е обработен речиси милион пати од страна на други артисти. Имаат добиено три Grammy награди и важат за еден од најквалитетните бендови во историјата.

En Vogue

En Vogue е составенa од Terry Ellis, Cindy Herron, Rhona Bennett како и од поранешните членки Dawn Robinson, Maxine Jones и Amanda Cole. Оваа група брои седум студиски албуми. Бендот има добиено седум MTV Video Music Awards и две American Music Awards. Генерално групата е позната по хитовите како што се Hold On, My Lovin (You’re Never Gonna Get it), Free Your Mind како и по најпознатата песна Don’t Let Go (Love) која е снимена за потребите на филмот Set it off. Оваа музичка група сеуште постои.

Salt’N’Pepa

Групата Salt’N’Pepa ја сочинуваат Cheryl James (Salt), Sandra Denton (Pepa), и Latoaya Hanson, пред да биде заменета со Deidra Roper (DJ Spiderella). Бендот има издадено пет студиски албуми и една Grammy награда како и три MTV Video Music Awards награди. И ден денеска имаме прилика да се забавуваме со хитовите како што се Whatta man, Push it, Lets’ talk about sex, Shoop и многу други.

Fifth Harmony

Оваа музичка група е исто така формирана во X-factor, но во американска верзија. Групата ја сочинуваат пет девојки Ally Brooke, Dinah Jane, Camila Cabello, Normani Kordei и Lauren Jauregi кои моментално градат соло кариера. Како група, во својата дискографија имаат објавено три албума и речиси шест изданија. Сите три албуми дебитираа во ТОП 5 на Billboard 200 додека само еден сингл дебитираше во ТОП 5 на Billboard Hot 100 и тоа е најуспешниот сингл на групата. Станува збор за песната Work From Home која е создадена во соработка со Ty Doll Sign.

По објавување на другиот албум и обработената комплетна промоција и по завршување на турнејата, групата ја напушта Camila Cabello која започна соло кариера, додека пак останатите четири девојки снимија трет студијски албум – Fifth harmony. По снимањето на алабумот секоја од нив заминува на својот пат а нам ни останува да уживаме во хитовите како што се Worth It, Sledgehammer, Bo$$, All in My Head (Flex), That’s My Girl, Down & He Like That.

error: Content is protected !!