Три ГРЕШКИ што ги правиме кога станува збор за ПОЈАДОК

Слични

Сподели

Три ГРЕШКИ што ги правиме кога станува збор за ПОЈАДОК.

Ако ги направите овие грешки, обидете се да ги поправите.

Имајќи предвид дека појадокот е најважниот оброк, не смееме да го прескокнуваме, и покрај тоа, многу е важно со каква храна го започнуваме денот.

Има храна што многумина ја јадат за појадок, но потоа прават грешка, бидејќи нема да ја добијат потребната енергија на почетокот на денот.

Ова се најчестите намирници кои се земаат како прв оброк, и тие треба да се избегнуваат.

Печива од пекарницата

Наједноставното решение за појадок, особено за оние кои се на работа и немаат време да се хранат здраво, се разните печива од пекарата. Сепак, печивата не се добри за нашиот организам бидејќи тогаш внесуваме многу адитиви, бело брашно, сол, шеќер и масти кои не ни се потребни, а не ги внесуваме нутритивните вредности.

Овошни сокови и овошни јогурти

Без оглед на натписите на пакувањето, купените сокови се полни со шеќер и не треба да го започнувате денот со нив, а истото е случај и со овошните јогурти. Иако се убаво освежување за утрото, особено за време на потоплите денови, купувањето овошни јогурти не е здраво решение. Ако барате нешто слатко, јадете сезонско свежо овошје наместо сокови и овошен јогурт.

Калоричен појадок

Класичниот појадок вклучува пржени јајца, виршли, производи од сушено месо, сирење и слична храна. Сепак, големи количини на маснотии од таков висококалоричен појадок на почетокот не се здрави и ќе завршат таму каде што вие не сакате – а тоа е во масното ткиво. Исто така, телото нема да ги добие потребните витамини, минерали и влакна. Затоа, ако сакате јајца за појадок, најдобро би било да ги сварите и да ги комбинирате со тост и чај.

error: Content is protected !!