Три најефикасни начини за брзо чистење на тоалет шолјата !
Чистењето на тоалет шолјата не мора да биде комплицирано. Со купување на средствата за чистеење на тоалет шолјата која ја користиме обично е преполна со хемикалии и силни мириси па потребно е да се води сметка за испарувањето како и за кожата.
За да повеќе немаме главоболка од силни хемикалии ви предлагаме три алтернативни но и поедноставни ефикасни начини за чистење.
Наместо купување на средство обидете се да ја исчистите шољата со помош на сода бикарбона, лимон, кока кола и оцет.
Сода и лимон-мирисна комбинација
Во сад ставете 200 грама сода бикарбона и додадете неколку капки од етерично масло, лимон или свеж лимонов сок. Добро промешајте ја смесата па со неа исчистете ја тоалет шолјата. Оставете да делува еден саат во шолјата но исто така потоа исчистете ја со четка и пуштете вода.
Газиран сок за каменец против тврдокорни наслаги
Во шолјата ставете 350 милиграма сок, па посипете по рабовите во внатрешноста на тоалет шолјата и оставете да делува 1 саат. Најпознатиот газиран пијалок, кока колата содржи киселини кои можат да ги разбијат тешките и тврдокорните флеки. Ако тоалет шолјата е многу нечиста можете да го оставите овој газиран пијалот да делува преку ноќ тогаш само наутро пуштете вода .
Оцет идеален за сјај
За овој метод на чистење ќе ви треба половина шолја сода бикарбона, 10 капки етерично масло, лимон за мирис и пола шоља бел оцет. Водата ќе пени неколку минути и ќе ги отстрани тешките флеки. Кога ќе престане само пуштете вода и ќе имаме идеално бела шолја.