Три сигурни знаци дека имате одличен секс со партнерот

Слични

4 можни причини зошто вашиот сопруг ве допира исклучиво сексуално

4 можни причини зошто вашиот сопруг ве допира исклучиво...

5 трендови за состаноци кои доаѓаат во 2022 година

5 трендови за состаноци кои доаѓаат во 2022 година. Ви...

Терапија за парови – дали ви е потребна?

Терапија за парови - дали ви е потребна? Терапијата за...

Топ 5 пребарувања на Google за секс и врски

Топ 5 пребарувања на Google за секс и врски. Тоа...

Сподели

Три сигурни знаци дека имате одличен секс со партнерот.

Сексот е многу важен сегмент од секоја врска, но овој многу интимен чин ја достигнува својата кулминација само кога и двајцата партнери уживаат во моментот максимално, без двоумење.

1. Не ви е гајле за изгледот за време на секс

Водењето љубов е страстен момент во кој за максимално да уживаме во него, целосно се препуштаме на чувствата.

Во тие моменти не ни е важно како изгледаме, каква е нашата фризура и дали гледаме целулит. Доколку сте се идентификувале во ваква ситуација, знајте дека имате совршен секс.

2. Можете да му кажете на вашиот партнер што точно сакате

Сексот е многу индивидуален, а секој од нас има различни желби и потреби. Токму поради тоа совршениот секс го гарантира комуникацијата меѓу партнерите. Доколку не се двоумите да го насочите на „вистинскиот пат“ или да го советувате за време на сексот како да ги изведува вашите омилени движења, знајте дека имате совршен секс.

3. По сексот се чувствувате опуштено и среќно

Докажано е дека сексуалниот однос влијае на мозокот и на лачењето на хормоните на среќата и задоволството. Но, ова важи само за страсниот секс во кој нема двоумење.

Ако после секс не можете да ја тргнете насмевката од лицето, чувствувате дека телото ве боли и трепери и не можете да одолеете на заморот, знајте дека имате совршен секс.

error: Content is protected !!