Тумба Фест“ 2024: Спектакуларна вечер на дијалектите и македонската народна шегобијна песна во Куманово

На 29-ти август, во 20.00 часот, големата сцена на плоштадот во Куманово ќе блесне со традиционалното издание на Фестивалот на македонска народна шегобијна песна „Тумба Фест“ 2024. Организиран од здружението „РИЗНИЦА“, овој фестивал е повеќе од само музички настан – тој е уникатен културен феномен кој ги негува, промовира и сочувува македонските дијалекти како дел од нашето историско културно наследство.

„Тумба Фест“ е единствениот фестивал на светот кој ги слави македонските дијалекти преку музика и песни, со посебен акцент на кумановскиот дијалект. Во текот на годините, публиката имаше можност да ужива во песни на битолски, прилепски, гевгелиски и други дијалекти, а оваа година на ред доаѓаат дојранскиот, валандовскиот, кавадаречкиот, кривопаланечкиот, охридскиот и ресенскиот дијалект.

Посебен момент на фестивалот ќе биде интерпретацијата на песната за врањанецот кој ја посакува прекрасната Јовка, во изведба на гостинот од Врање, Бранимир Стошиќ – Каце, на врањскиот дијалект, кој е близок на македонскиот јазик. Ова ќе биде еден од незаборавните моменти на вечерта, заедно со песната за Дојранското езеро, каде се испреплетуваат македонскиот литературен јазик и дојранскиот и кавадаречкиот дијалект. Автор на оваа песна е легендарниот Љупчо Бубо Каров – Цацко, кој ќе настапи со Трио Гранде Плус.

Фестивалот ќе биде збогатен со изведби на некои од најпознатите македонски пејачи и групи, како Катерина Брезева и групата Соната, Ѓоко Ѓорчев и Јованка Јо, Круме Спасовски, Лени Партикова, Петар Нечовски, Ирена Спасовска, и многу други. Посебно задоволство ќе биде враќањето на примадоната на македонската народна песна, Маргица Антевска, која ќе ја исполни песната „К’т ќе дојдеш у Куманово“.

Фестивалот, кој има ревијален карактер, доделува две престижни награди – за животно дело и за најслушана песна помеѓу двата фестивала. Оваа година, очекувајте уште еден незаборавен настан кој го слави македонскиот јазик, хумор и традиции.

Leave your vote

Log In

Forgot password?

Forgot password?

Enter your account data and we will send you a link to reset your password.

Your password reset link appears to be invalid or expired.

Log in

Privacy Policy

Add to Collection

No Collections

Here you'll find all collections you've created before.