Учете подобро и полесно со помош на Помодоро методата!

Слични

Филмот „Тома“ достигна половина милион гледачи за три недели

Филмот „Тома“ достигна половина милион гледачи за три недели. По...

Интересни факти за Никола Тесла за кои можеби не сте знаеле

Интересни факти за Никола Тесла за кои можеби не...

Како дојде до 8-часовно работно време?

Како дојде до 8-часовно работно време? Осумчасовниот модел на работа...

Дали Третата светска војна е духовна војна?

Дали Третата светска војна е духовна војна? Не се потребни...

Сподели

Учете подобро и полесно со помош на Помодоро методата!

Методата помодоро е одличен начин за одржување на активностите на работата и учењето во текот на денот, неделата, семестарот па и во текот на целата година.

Методата Помодоро е откриена во девеесетите години на минатиот век од страна на Франческо Чирило. Ја нарекол Помодоро техника по кујскиот тајмер кој го користел како студент, а бил во облик на патлиџан. Од тогаш оваа метода добила на значење во контекст кога работите на себе а воедно и за зголемување на продуктивноста.

Техниката помодоро е едноставна метода која може да го олесни процесот на учење и да ги ублажи временските притисоци поради кои често сме под стрес. Оваа метода на учење ја зголемува мотивацијата за учење, ги намалува прекинувањата и ја подобрува концентрацијата.

Теоријата се темели на хипотеза дека секоја задача може да се подели на низа задачи од кратки интервали кои ги нарекуваме Помодорос. Меѓусебно се одвоени со кратки паузи. Причината за одвојување на паузите е во тоа што мозокот има временски ограничен фокус.

Како да ја примените оваа метода?

За користење на методата при сопствено учење, потребен ви е само часовник. Можете да користите и рачен часовник, мобилен но и апликација. Една од таквите апликации е 30/30. Апликацијата овозможува на корисникот користење на традиционална Помодоро метода или нејзино модифицирање според потребите на корисниците.

  • Изберете ја задачата или збирот од задачи кои морате да ги завршите
  • Наместете го тајмерот на 25 минути
  • Продолжете со работа додека алармот не почне да сигнализира
  • Избегнувајте често проверување на тајмер
  • Кога ќе почне да сигнализира алармот земете пауза од 5 минути. За време на паузата станете. Немојте да бидете на пауза на исто место на кое работите. Препорака е кратка вежба или релаксирање. За време на паузата можете да излезете на балкон или пак да испиете некој сок и сл.
  • По четири циклуси Помодоро, земете пауза од 20 минути
  •  По долга пауза повторете го целиот циклус

Справете се со дистракциите!

Во текот на помодоро циклусот потрудете се да ги лимитирате дистракциите. Целата поента на методата е фокус во траење од 25 минути. Не користете телефон и социјални мрежи. Фокусирајте се на задачата пред себе!
Ако се појави некој во просторија или ве повика, информирајте ги дека моментално работите и договорете време кога ќе ги контактирате. Повикајте ги кога ќе завршите со Помодоро циклусот.

Кога да ја примените техниката Помодоро?

Помодоро техниката користете ја кога не сте мотивирани за работа и кога содржината која ја обработувате станува досадна. Понекогаш е доволно да се одреди само еден Помодоро циклус од 25 минути. На тој начин сте предодредени за помало ангажирање за работа.

Кога ќе завршите со Помодоро циклусот се чини дека задачата е малку исцрпувачка. Исто така нема да ви претставува проблем да продолжите со работата. Методата е корисна за читање на учебник или пак стручна литература.

Запомнете дека Помодоро методата може да би помогне за да не се чуствувате обврзувачки и да земете кратка пауза ако не сакате, а особено кога сте ја продлабочиле задачата. Во таква ситуација прескочување на паузата е доста пожелно и ефикасно отколку прекинување на решавањето на задачата која веќе успевате да ја решите.

Кога учите во текот на денот се препорачува да правите паузи за да не дојде до „прегрејување“. Ова е клучно во моментите го извршувате работни задачи, а роковите ви се кратки.

Можете ли да ја менувате Помодоро методата?

Помодоро методата е тука за да ви користи што значи дека може да ја менувате и да го прилагодувате Помодоро циклусот по свој вкус. За некои задачи подобро е да се променат циклусите во траење од 50 минути со паузи од по 10 минути помеѓу циклусите.

error: Content is protected !!