21ви Јули со почеток во 21 часот
“Македонски шлагери, стари песни – нови ѕвезди”
Tопол осврт кон фестивалскиот феномен на нашата држава и на градската култура како урбано културно наследство и форма која ги обединува генерациите.
Оркестарот на ПОЛИФОНИЈА составен од 30тина врвни стари и млади Македонски музички уметници под диригентското раководство на маестро Иван Еминовиќ, уметничкиот координатор Сања Шуплевска и продуцентот Орце Ицковски ќе претстави репертоар на легендарни мелодии придружувајќи извонредни гости како Сашо Гигов – Гиш, Давор Јордановски, Ристо Самарџиев, Андријана Јаневска, Горан Папаз, како и младите надежни вокалисти Мила Николовска, Теа Пејиќ, Васил Ангелов и Денис Димовски.
Проектите на ПОЛИФОНИЈА истовремено промовираат нов урбан амфитеатар на отворено, кај позадинскиот влез на East Gate Mall во Скопје.