Спроведувањето на УН диетата доведува до намалување на килограмите и до промени во метаболизмот а со тоа изгубените килограми не се враќаат. Диетата трае 90 дена. Ако е потребно да се ослабне помалку килограми диетата се прекинува порано но тогаш не доаѓа до промени во метаболзмот.
УН диетата секогаш почнува со протеински ден, потоа следат скробни, јагледнохидратен ден, овошен ден, а па потоа повторно протеински и редоследот на деновите не смее да се менува.
Интересно е дека оваа диета е една од ретките која во своето мени содржи слатки како што се колачите, тортите, сладоледот и чоколадите.
Појадок
Сите 90 дена се на база на овошје. Дозволено е да се јаде и по две исти овошки (или една банана) или суво овошје во количина колку за една дланка (избројте осум парчиња и истите ќе бидат сосема доволно).
Прв ден – Протеински ден
Ручек
Месо – приготвено на пареа, варено или печено ( во количина од ресторантска порција, две – три парчиња или околу 250 грама) или три варени јајца или пак нешто од млечните производи и соја.
Леб – парче интегрален леб, салата – во неограничени количини со максимално една лажичка масло.
Супа – потребно но ако се конзумираат млечни производи тогаш супата не е потребна туку испијте една шолја јогурт или млеко.
Напомена: Различните видови на протеини не се мешаат во еден оброк и во еден ден. Генерално, акцентот е ставен на еден вид концентриран прехрамбен продукт во текот на еден ден па така вашиот дигестивен тракт ќе има многу лесна задача отколку да вари повеќе концентрирани прехрамбени продукти заедно.
Вечера.
Исто како и за ручекот но и половина мерка од ручек без супа и без леб. Обавезно е, ако месото се јаде за ручек да се јаде и за вечера, а ако јајцата се јадат за ручек, мора да се јадат и за вечера.
Втор ден – ден на скроб
Ручек – Грашок, грав, компир – приготвено единствено со додаток на зачини (сол, вегета, бибер, кечап, готвен патлиџан и сл.)
Леб – парче
Салата
Вечера
Исто како и за ручек но половина од количината. Вечерата е без леб.
Трет ден – ден на јаглени хидрати
Ручек
Готвена тестенина на пареа со додаток на зачини – кечап или слично или пица но само со додаток на кечап или солено пециво во количина колку и што се нуди во пицерија.
Вечера
Два тенки парчиња торта или три до четири колачи или пак три до четири топчиња сладолед. Обавезно – едно парче чоколада за готвење.
Четврти ден – витамински (овошен) ден
Ручек и вечера
Мешавина од секакво овошје – колку сакате. Меѓутоа ни зеленчукот не е исклучен па така практично витаминскиот ден може да изгледа вака: појадок – како и секој ден 2 овошки но и за ручекот и за вечерата може варен зеленчук и салата. Помеѓу оброците со зеленчук се ужините од мешано овошје.
Додатни напомени
После кругот од 7 х 4 дена односно 29 дена (три пати во текот на диетата) се држи т.н. ден на вода. Целиот ден се пие само вода. Обавезно после витаминскиот а понекогаш и после денот на вода се продолжува со протеинскиот ден. Кафето и чајот се дозволени без шеќер. Соковите сведете ги на минимум.
Обавезно е после ручекот да конзумирате по една таблета која содржи дневна доза витамини и минерали. Паузата меѓу оброците (минимална, значи разликата може да биде и поголема но никако помала) првиот ден е четири часа а вториот и третиот ден е три часа, за време на витаминскиот ден паузата помеѓу оброците е до два часа.
После осум часот навечер не смеете да јадете.
Количината на храната е поголема од вообичаеното а прехрамбените продукти се подесени на нашите услови и поднебје. Мора да се биде доследен и упорен. Може да се случи првите десет дена да не дојде до губиток на килограмите но потоа да почне инстант губење и од три до четири килограми.
По 90 дена диета уште 90 дена за доручек се јаде овошје додека пак за ручекот и вечерата се враќате на вообичаен начин на исхрана. Во текот на периодот треба да се изгубат уште три килограми што е показател на промените на метаболизмот. Ако не изгубите килограми диетата треба да ја повторите но по период од три месеци. Како и за секоја друга диета посоветувајте се со вашиот лекар.