Просториите во кои го поминуваме времето и начинот на кој ги одржуваме е поврзано со нашето здравје. Одредени предмети и елементи можат да создадат стрес и да доведат до тоа нашите тела да се чуствуваат стегнато, под притисок.
Немате доволно простор за сите ствари
Отсуството на адекватен простор за чување на личните предмети како што се стварите за лична хигиена, лампи, книги и слично може да доведе до неред. Визуелната гужва го отежнува опуштањето. Ослободување на просторот му дава на вашиот ум да се одмори. За да вашата оаза на мирот биде место за опуштање потребно е да се подготви креветот да се среди гардеробата и ормарот и да ги исфрлиме непотребните ствари. Поради тоа важно е да не создавате неред во просториите во кои одмарате и се опуштате.
Неуреден кревет
Средување на креветот односно постелата во која спиеме е задача која ќе ви даде најдобро чувство од почеток на денот. Неуредниот кревет е знак на нероганизираност, поради што спалната соба може да ви го зголеми стресот. Затоа кога ќе се разбудите приредете си себе си физичка активност и средете си го креветот и постелата.
Расфрлана облека
Расфрланата облека може да предизвика стрест и чувство на непријатност. Затоа гардеробата секогаш чувајте ја на чисто и средено. Доколку вашата соба во која спиете излегува на балкон, во текот на денот покрај постелнините можете и гардеробата да ја проветрувате а со тоа ќе внесете и свежина и чист воздух во вашиот дом.